Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Божиновски за АХА: Се чудам со кој памет сè уште ме канат по телевизии

0
By Marija Todorovska on April 5, 2024 ИЗБОР
Foto: Frontline
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

РИБАРО

И покрај тоа што се испопукаа купишта скандали за анкетите на Божиновски и како тие биле штелувани и местени во корист на ДПМНЕ, па да се емитуваат по емисии и други триста далавери, новинарите од националните телевизии не престануваат да го канат вмровскиот анкетар Владимир Божиновски на дебатни емисии како аналитичар и експерт.

Екипата на АХА стапи во контакт со Божиновски и го праша – На што се должи оваа амнезија на новинарите што упорно и покрај сè го форсираат него на телевизија како релевантен анкетар и опинион мејкер?

„Не знам што им е?! И јас сум збунет, да ви кажам искрено. Глуви ли се, слепи ли се, удрени ли се во главите, потплатени ли се… ама и покрај сè што се обелодени каков сум и што сум, овие инсистираат да ме има во јавност и да ме есапат како релевантен. Ајде да ми е прв пат, ќе речеш – можеби е конструкција, му се с’снале на човекот, ама ме имаше и во бомбите што ги пукаше Заев како со Миле ми текна договараме каде ќе штелниме и како. Се сеќавате беше пуштена бомбата и во судницата за случајот „Титаник“, каде се слуша кога му велам на Миле ми текна: „Не се секирај, ќе ја повторам анкетата за четворката“. А тоа дека чим пукни нешто кај вмро и им паѓа рејтингот јас одма штелнувам анкетче, е веќе очигледна работа за која нема што да се зборува.

Нејсе, навистина се чудам со кој памет сè уште ме канат по телевизии, ама тоа ти се нашите македонски новинари во етаблирани ТВ куќи“, констатира анкет гуруто на вмровците Божиновски.

Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK

АХА Божиновски сатира скандал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

ВЕСТИ October 6, 2025

Во пресрет на очекуваниот прекин на огнот во конфликтот во Газа, претставници на Израел и…

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.