Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Brainster: До 2025 се очекува дефицит од 5.142 ИТ кадри во Македонија

0
By Нова ТВ on March 4, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сведоци сме на бројни истражувања, анализи и извештаи кои наведуваат дека работните места ќе бидат многу поразлични во претстојниот период, односно предвидувањата се дека дури 50% од работните места ќе се автоматизираат, а за дури 90% ќе биде потребно поседување на дигитални вештини. На овие теми неодамна истражуваше и македонската компанија за едукација Brainster, која на својата нова платформа Future of Jobs ги посочува најновите трендови за професиите на иднината, и тоа базирани на кредибилни глобални истражувања, но истовремено ги наведува и клучните предизвици на македонскиот ИКТ пазар, како и потенцијалите за раст.

Заклучокот е еден: тоа е дека иднината веќе ја живееме, а пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19 како да наметна уште позабрзана потреба за дигитализација на процесите, што пак директно алудира дека пазарот на труд наметнува и потреба за развој на нови вештини кои ќе го пресретнат новото време на живеење. Истовремено, со развојот на професиите на иднината, истражувањата велат дека голем број професии и ќе бидат во опаѓање. Анализата на McKinsey Global Institute наведува дека професиите во дејностите наука, технологија и инженерство ќе бидат во пораст за речиси 4%, додека пак во најголем пад од 5% ќе бидат професии како административна и канцелариска поддршка, а потоа и производство со пад од 4,6%.

Истата анализа ни дава и јасна слика во кои индустрии има најголем ризик за губење на работни места, а тоа се трговија на големо и мало, производство, хотелиерство и угостителство и градежништво, и тоа проследено најчесто од две причини: како последица од КОВИД-19 вирусот и автоматизацијата на професиите.

Светскиот Економски Форум, пак, во својот извештај за идните професии од 2020 година објави податоци кои исто така кореспондираат со претходното, односно наведува дека најбарани професии ќе бидат дата аналитичари и научници, специјалисти за вештачка интелигенција и машинско учење, специјалисти за големи податоци (Big data), специјалисти за дигитален маркетинг и стратегија и специјалисти за автоматизација на процеси, а пак работни места со намалена побарувачка во иднина се проектирани записничари и внесувачи на податоци, административни и извршни секретари, сметководители, монтажери и работници во фабрика.

Но, каде е иднината на работните позиции во Македонија и какви плати може да се очекуваат во ИТ секторот?

Глобалните трендови честопати ни се чинат далеку од нас, меѓутоа сѐ побрзиот начин на живот, сѐ поголемата автоматизација и сѐ поголемата побарувачка на кадри кои поседуваат ИТ вештини станува секојдневие и на локалниот пазар. И тоа кога зборуваме на ИТ вештини, тука не се мисли единствено на професии потребни во ИТ секторот, туку генерална потреба од поседување дигитални вештини и за останатите индустрии. Поседувањето на овие вештини отвора и исклучително можности за вработување на млади лица, а пак во Македонија се проектира сериозен недостиг од кадри во IKT индустријата. Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2019 година имало 685 дипломирани студенти на ИКТ студии што резултирало со недостаток од 568 луѓе имајќи го предвид просечниот годишен раст од 1253 нови работни места. Проектираниот недостаток на работна сила во ИКТ секторот за периодот 2020-2023, пак, е дури 5142 работници. Овде во најголема мера зборуваме за професиите од различните области од STEM (science, technology, engineering and mathematics), меѓутоа од друга страна, Еуростат пак наведува дека токму во овие области има дефицит на дипломирани кадри. Имено, во извештајот се посочува дека во Македонија има 7,7 STEM дипломци на илјада жители и по тој параметар земјата е практично на крајот, односно на 33-то место од вкупно 35 земји членки на ЕУ и кандидати земји членки за ЕУ за кои Еуростат води статистика.

Сите овие податоци, всушност алудираат на сериозна потреба од инвестирање во ИТ образование, со цел да се подобрат вештините на населението и да се одговори на зголемената побарувачка за квалификувана работна сила. Во прилог на ова зборува и фактот дека платите во ИКТ секторот ќе продолжат сѐ повеќе ќе отскокнуваат од просекот, а и гледајќи наназад, Државниот завод за статистика објавува пораст од 14% на просечната месечна бруто плата по вработен во секторот „Информации и комуникации“, и тоа за само еден месец, односно од ноември 2020 до декември 2020 година. Истиот извештај ги анализира и најплатените работни позиции на македонскиот пазар, каде на прво место на листата највисоки просечни плати по вработен се исплатени во дејноста компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности, и тоа со просек од 76.223 денари нето плата.

На крајот, платформа Future of Jobs заклучува дека сите овие податоци имаат за цел да дадат една генерална слика за развојот на ИТ пазарот во Македонија, но и да го прикажат потенцијалот на работни места што ги носи иднината, промената на работата генерално, како и динамиката по која што ќе се движат овие промени. Оттука, и образованието ќе мора да се адаптира и реафирмира како клучен партнер и посредник на компаниите во процесот на генерирање на квалификуван, работоспособен кадар во иднина, меѓутоа на микро план, токму вложувањето во квалитетно образование ќе се исплати на долг рок, бидејќи дефицитот на ИТ кадри ќе биде актуелен и во наредните неколку години, а платите несомнено ќе продолжат да растат токму поради високо конкурентските услови во кои работат ИТ компаниите.

извор: Локално.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.