Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Браќата Калид и Брахим Ел Бакрауи се двајцата бомбаши самоубијци

0
By Светлана Јовановска on March 23, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Браќата Калид и Брахим Ел Бакрауи се двајцата бомбаши самоубијци за кои се претпоставува дека го извршиле терористичкиот напад на аеродромот во Брисел при што загинаа 14 лица. 27 годишниот Калид и 30 годишниот Ибрахим и се познати на полицијата за повеќе кривични дела.

Еден од браќата Калид се поврзува и со закуп под кирија на куќата во бриселскиот кварт Форе каде што неодамна беше лоциран осомничениот за терористичкиот напад на Париз, Салем Абделсалам.

Се уште не е познат идентитетот на третиот терорист забележан на записот од безбедносните камери за кои се претпоставува дека не извршил самоубиство туку дека асистирал при акцијата на двајцата браќа бомбаши самоубијци.

Во случајот на терористичкиот напад на метро станицата Малбек при што загинаа 17 лица засега нема информации дали тој напад е извршен од бомбаш самоубиец или пак во вагонот на метрото бил поставен експлозив.

Брисел и денеска се наоѓа во вонредна состојба.

Во текот на ноќта полицијата изврши претрес во една бриселска општина каде што се пронајдени експлозивни направи, хемиски производи и знаме на терористичката организација Исламска држава која јави дека стои зад атентатите.

Адресата за претресот е откриена благодарение на таксист кој ги возел терористите на аеродром во вторникот рано наутро и се јавил во полиција откако ја видел сликата на која фигурираат тројца мажи и разбрал дека се трага по едното од трите лица. Другите двајца се разнеле со експлозив на аеродромот.

Инаку во бриселските атентати загинаа американски државјани па ФБИ и полицијата на Њујорк одлучија веднаш да испратат делегација која ќе отвори сопствена истрага, најави во вторникот вечер Џон Милер, висок функционер на антитерористичката полиција на Њујорк.

– Доаѓаме затоа што има американски жртви и лица од САД во бриселските атентати и ќе има истрага на ФБИ, рече тој.

Четворица мормонски мисионери се ранети. Од нив тројца се во тешка состојба а се чини дека загинал еден припадник на американската воздушна армија. Но точниот број на американските жртви во Брисел не беше соопштен.

Се уште исто така не е познат точниот број на жртвите од денешните терористички напади. Последните информации велат дека има околу 30 загинати и над 200 ранети.

Според директорот на ургентните служби на една бриселска болница, повеќе лица се во животна опасност и можно е трагичниот биланс на жртвите да се зголеми.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.