Репрезентативецот во спортско стрелаштво Борјан Бранковски е првиот македонски олимпиец, кој настапи на Игрите во Токио учествувајќи утрово во квалификациите во дисциплната 10 метри воздушен пиштол.
Бранковски не успеа да обезбеди пласман во финалната серија, завршувајќи ги квалифиакциите на 21 место со 573 погодени кругови (94, 93, 98, 95, 96, 97) во конкуренција на 36 натпреварувачи.
Најуспешен во квалификациите беше Индиецот, Чадари Саураб со 586 остварени круга. Финалната серија во која пласман обезбедија првите осумпласирани стрелци е подоцна денеска.
Јанг Кијан од Кина го освои првиот златен медал на Олимписките игри во Токио, со нов олимписки рекорд. Кијан запиша вкупен резултат од 251,8 поени. Анастасија Галашина од Русија заврши со 251,1 поен и го освои сребрениот медал, а бронзата заврши на градите на Швајцарката Нина Кристен која освои 230,6 поени.