Нови судири се случија во Бразил и покрај обидот на претседателот Дилма Русеф да одговори на барањата на демонстрантите и со тоа да запре насилството.
Инциденти биле пријавени во Бело Хоризонте и Салвадор, двата града-домаќини на Купот на конфедерации, јавува Би-Би-Си.
Во голема мера мирни протести продолжија и во десетици бразилски градови, во саботата, вклучувајќи го Сао Паоло.
Претседателот Русеф објави неколку реформи во петокот, во обид да стави крај на деновите на демонстрации.
Демонстрациите започнаа заради цената на билетите за превоз која се крена во Сао Паоло, но брзо прерасна во собири на национално ниво, кои опфаќаат цела лепеза на прашања и незадоволство- од корупцијата и слабиот квалитет на јавните услуги до цената на хостинг на сегашниот Куп на Конфедерации и ФИФА следната година на Светскиот куп.