Полицијата во Бразил употреби солзавец за да ги растури демонстрантите на вториот ден од штрајкoт на работниците во метрото, кој го остави транспортот во Сао Паоло во хаос.
Речиси половина од станиците се затворени, а имаше метеж на улиците на најголемиот град во Бразил, кој ќе биде домаќин на првиот натпревар на Светското првенство следниот четврток.
Работниците бараат зголемување на платите од најмалку 10%.
Новата рунда преговори не успеа и штрајкот ќе продолжи.
Една третина од метро станиците во Сао Паоло беа затворени во петокот наутро, а има повеќе од 200 километри сообраќаен метеж низ градот, во утринскиот сообраќаен шпиц.
Полицијата употреби солзавец, палки и штитови на демонстрациитете надвор од Ана Роса станицата во центарот на Сао Паоло.
Портпаролот на воената полиција рече дека полицајците интервенирала откако избија судири меѓу штрајкувачите и патниците кои се обидуваат да влезат во станицата.