Бразилската претседателка Дилма Русеф предложи референдум за политички реформи, во обид да се справи со протестите кои ја зафатија земјата.
Таа, исто така, вети дека ќе го зајакне трошењето на јавниот превоз и ќе се фокусира на здравството и образованието, како дел од она што таа го нарекува “пет пакта” со народот.
Таа подоцна се сретна регионалните градоначалници и гувернери, кои се согласија на овие нејзини планови. Но некои активисти ветија дека ќе продолжат со најголемите протести кои
Бразил ги видел последните најмалку две децении. Мајара Лонго Вивијан, лидер на Движењето за за бесплатен превоз , рече дека претседателката не понудила никакви конкретни мерки и дека “борбата ќе продолжи”.