Дирк Бренгелман, помошник – генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика од утре е во посета на Република Македонија.
За време на посетата, предвидено е Амбасадорот Бренгелман, да оствари средби со Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски; Претседателот на Владата Никола Груевски; Заменик Претседателот на Владата надлежен за спроведување на Рамковниот Договор Муса Џафери; Министерот за надворешни работи Никола Попоски; Министерот за одбрана Талат Џафери и Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска,.
На средбите, Амбасадорот Бренгелман ќе се запознае со статусот на прогресот на Република Македонија, во однос на имплементацијата на реформските процеси во земјата во насока на целосна евро-атлантска интеграција и членство во НАТО.
По средбите со највисоките државни органи во Република Македонија, Помошникот на генералниот секретар на НАТО, Амбасадорот Бренгелман, ќе оствари заедничка средба со амбасадорите на земјите членки на НАТО во Република Македонија.