Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брисел бара “патоказ” и специјален претставник за Македонија

0
By Светлана Јовановска on May 25, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од лидерските средби во Македонија ЕУ очекува “патоказ” или акциски план за решавање на кризата. Овој патоказ би водел до независна истрага за содржината на снимките што ги објавува СДСМ и независна истрага за настаните во Куманово. Истовремено ЕУ размислува за праќање специјален претставник во Македонија, вели за НОВА висок европски дипломат во Брисел.

Веста за идејата да се испрати специјален претставник на ЕУ во Македонија стаса од лидерот на опозицијата Зоран Заев по неговото враќање од преговорите со Груевски во Стразбург. Во првата изјава по враќањето од Стразбург тој рече дека меѓународната заедница ќе се вклучи во лидерските преговори кои се одвиваат во Скопје под медијаторство на амбасадорите на САД и на ЕУ и очекува дека меѓународната заедница ќе испрати свој претставник кој ќе биде гарант за се што ќе биде договорено на овие лидерски средби.

ЕУ, заедно со ОБСЕ и НАТО, бара политичар кој би можел да дојде во Македонија за период од барем неколку месеци во текот на кои треба да се тргне кон нормализација на состојбата. Некои земји членки бараат тој претставник да биде висок политичар, поранешен премиер или министер. Негова задача би била токму примената на “патоказот” на Груевски и Заев.

Според европскиот дипломат со кој НОВА разговараше, овие лидерски средби треба да состават “патоказ” кој води кон решение. Тоа значи дека Брисел очекува договор за условите кои треба да се исполнат за да може СДСМ да се врати во Собранието па оттаму да се бара решение за кризата и можности за вистинска независност на идната истрага.

Македонија е сега постојана точка во телата на Советот на министрите на ЕУ, особено по настаните во Куманово. Се разгледуваат сите можни инструменти и се бараат корените на оваа криза во една земја кандидат за членство, нешто што досега не се случило. Брисел најмногу надеж, барем засега, полага во преговорите кои се водат помеѓу Груевски и Заев.

Тој додава дека е многу значајно е оваа криза да добие некаква разврска до крајот на јуни за да таа не се одрази на препораката за преговори. Нашиот извор вели дека во ЕК веќе се во оптек повеќе верзии околу препораката во идниот извештај. Доколку кризата не се реши, можно е да препораката да биде “замрзната” па дури и одземена.

Инаку, настаните во Куманово го свртеа вниманието на целата меѓународна заедница кон Македонија. Викендот на 9 и 10 мај беа вистинскиот аларм дека политичката криза во Македонија може да ја внесе земјата во нестабилност. Многу прашања за кумановската епизода останаа неодговорени како на пример целта на вооружените лица кои влегле во земјата. Според дипломатот со кој разговаравме, пораките на УЧК не се доволен доказ за оваа акција на македонска територија.

“ЕУ и ОБСЕ се загрижени поради овој настан. Иако состојбата во Македонија сега е мирна, треба да се најде вистината за настанот во Куманово бидејќи досегашните објаснувања не се доволни и бидејќи тоа не смее да се повтори. Состојбата во Македонија е доволно комплексна и било каква нестабилност е тотално неприфатлива”, вели извор на НОВА од ЕУ.

Од самиот почеток на објавувањето на снимките од страна на СДСМ Европската комисија (ЕК) бара исто така незвисна истрага. Оваа европска институција испрати писмо до Јавното обвинителство чија што содржина се чува во тајност.

Но, наш извор потврдува дека ова писмо инсистира токму на независна истрага за содржината на снимките и се обидува да најде начин како тоа да се направи и каква може да биде помошта која ЕК може да ја даде. Комисијата се води од своите инструменти од политиката на проширувањето како што се поглавијата 23 и 24 од преговорите за членство кои се посветени токму на судството и фундаменталните права. Истовремено, тоа би била и гаранција дека Македонија може да ја задржи препораката за преговори.

Комесарот Јоханес Хан на 8 мај потврди дека ЕК понудила да даде поддршка и да ги обезбеди неопходните експерти кои можат да гарантираат независност на истрагата, а на одговорните во земјата е да се позанимаваат со тоа, рече Хан.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.