Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брисел: Дали Конференцијата за медиуми има ефект?

0
By Нова ТВ on June 19, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Додека ЕУ утре организира втора конференција за слобода на медиумите, мислењата се поделени дали Брисел позитивно влијаеше врз генерално влошената ситуација за медиумите во регионот, покажува истражувањето на БИРН

од Ана Петрушева, Балканска Истражувачка Мрежа (БИРН)

Кога за првпат пред две години во Брисел се одржа конференцијата „Проговори“ (Speak Up), високи функционери, медиумски експерти, новинари и уредници од Балканот и Турција изразија високи очекувања за улогата што ЕУ би можела да ја одигра во борбата за вистински независен печат.

Две години подоцна, тие очекувања се избледени. Некои ја фалат ЕУ што вршеше притисок за донесување на легислатива која ги исполнува стандардите на ЕУ. Но, други се јасно разочарани, велејќи дека ЕУ треба да биде многу повеќе проактивна во борбата против зголемениот политички притисок врз независните медиуми.

Гордана Виловиќ, професор по новинарство на Универзитетот во Загреб, ја оценува конференцијата од 2011 како „скапа и без резултати”.

„Ќе беше подобро доколку парите им беа дадени на невработените новинари чиј број секојдневно се зголемува”, вели таа.

Во Македонија, експерти и уредници велат дека Брисел молкум преминал преку затворањето набројни медиуми и воведувањето цензура и самоцензура од страна на владата. „Тие треба да ја именуваат конференција во ’замолчи’, а не’проговори’”, вели Роберто Беличанец, од македонскиот Центар за развој на медиуми.

Другите во регионот не се толку критични. Ремзи Лани, од албанскиот Институт за медиуми, вели дека„Проговори“ 2011 била корисна зошто фокусот го ставила на целиот регион. Тоа „даде можност засправување со медиумските прашања … покривајќи ги проблемите во целиот регион од Црна Гора до Турција”, вели тој.

Хрватскиот новинар Гордан Малиќ се согласува. “’Проговори’ 2011 прецизно ги дефинираше проблемите”, вели тој. Сепак, „оттогаш рецесијата го влоши статусот на новинарите, а конференцијата не се обиде да најде решенија за тој проблем, така што очекувам на следната конференција дополнително да се разговара за тоа”.

Од лошо кон полошо?

Според Светскиот индекс за слобода на печатот на Репортерите без граници, слободата на печатот во повеќето земји во регионот е полоша во 2012 година отколку во 2011 година. Овој барометар вели дека медиумите на Балканот како целина останале заложник на голем број репресивни практики.

Србија беше рангирана на врвот во однос на слободата на печатот на Балканот во 2012 година, исе најде на 63-то место од вкупно 179 опфатени земји. Во 2011 година, таа беше на 80-та позиција.

Хрватска следуваше по Србија, рангирана на 64-то место, што е неколку места погоре од 68-то кое го имаше во извештајот од 2011 година. Сите други земји во регионот, освен Косово, паднаа надолу во 2012 година, во споредба со 2011 година.

Босна и Херцеговина беше рангирана на 68-то, и забележа пад на 58-мо место, Албанија падна од 96-то на 102-ро место, а Црна Гора падна од 107-мо на 113-то место. Македонија значително падна од 94-то место на 116-то, со што се наоѓа на дното на листатаод земјите на Балканот. Косово маргинално се помрдна од 86-то на 85-то место.

„Албанија, Црна Гора, а особено Македонија годонесеа дното на индексот на Балканот”, се вели во извештајот, “со истиот тажен рекорд: судско малтретирање врз основа на често несоодветната законска регулатива, недостаток на пристап до јавните податоци, физичко и психолошко насилство против оние кои работат во информативните програми, службените и приватните пазари зареклами се користат како алатка, а сивата економијаги држи виталните делови на медиумите”.

Во регионот, медиумски професионалци се согласуваат дека најголемиот предизвик, заедно со финансиската криза, е зголемениот политички притисок. Тие велат дека просторот за независни медиуми се намалува, а медиумските куќи се затвораат, додека владите ги користат средствата од државата, преку насочено рекламирање, да наметнатуредувачки контроли.

Тужби се уште се користат за заплашување на новинарите. Исто така, уште постојат физички напади врз новинарите, а од судовите немасоодветен одговор.

Законодавството за медиуми е направено така да одговара на потребите на владите и да се наметне де факто цензура. Во некои случаи, тоа е копирано од законодавството на ЕУ, но лошо се спроведува.Додека таблоидите го преземаат она што остана од пазарот, истражувачкото новинарство станува се поретко, иако ова не важи само за балканскиот регион.

Мешавина на пофалба и вина:

Европската комисија може да врши притисок врз владите кои сакаат да ја забрзаат нивната интеграција во ЕУ, главно кога станува збор за усогласување на законодавството во согласност со стандардите на ЕУ.

Брисел навистина се обиде во некои земји да им даде повеќе значење на прашањата за слободата на печатот и да ги направи да станат дел од клучните критериуми. Се воделе разговори за ставање наслободата на медиумите, на пример, како еден одкритериумите за владеење на правото, со што ќе се принудат властите посериозно да му пријдат на ова прашање.

Во Србија и Албанија, медиумски експерти и новинари го признаваат позитивното влијание штоЕУ го имаше да протурка законодавство за да се обезбедат стандарди за слобода на медиумите и за да се обезбеди одредена финансиска поддршка.

Лутфи Дервиши, поранешен директор за вести на државната телевизија на Албанија, РТШ, вели дека Комисијата одиграла важна улога во унапредувањена законодавството за зајакнување на правната рамка за медиумите.

“Со помош на ЕУ, Парламентот на Албанија неодамна донесе закон за дигитални медиуми, на кој се работеше седум години”, вели тој.

“Но, ни треба гласот на Европа да бидат посилен за креирање на модел за јавниот радиодифузен сервис, а исто така и да се размислува за фонд за истражувачко новинарство”, додава тој.

Веран Матиќ, од Б92 во Србија, вели дека долгоочекуваната стратегија за медиуми во Србија добила зелено светло од Владата, бидејќи за Брисел приоритет во процесот на пристапување кон ЕУ било усвојувањето на законите за медиуми.

Сепак, Министерството за култура оттогаш го измени нацрт законот за јавно информирање во последен момент, зголемувајќи ја загриженоста за тоа која верзија на законот ќе биде усвоен.

Иван Цвејиќ, главен и одговорен уредник на новинската агенција Бета, ја наведува финансиска помош на ЕУ во сферата на медиумите.

„Ние не треба да ја игнорираме финансиската поддршка од ЕУ и нејзините земји-членки за српските медиуми преку тендери и проекти, принудувајќи ги медиумите до степен да не се заборават важните социјални прашања”, велиЦвејиќ.

Но во Хрватска, условеноста беше слаба во областа на медиумите и земјата ќе и се приклучи на ЕУ овојјули, без да се реформира медиумскиот сектор.

Во Црна Гора, каде што критичарите на владата бараат помош од ЕУ, постојат големи очекувања, но опипливи резултати се уште нема.

Зденко Дука, претседател на Хрватското новинарско здружение, ХНД, вели дека хрватскиот преговори за пристапување немале пресудно влијание врз положбата на медиумите, иако тој признава дека тие ја потврдиле „општата ориентација кон човековите права и антидискриминација во хрватските медиуми”.

Гордан Малиќ се согласува. „Преговорите ги потврдија основни вредности, кои потоа станаа дел од политичките стандарди во Хрватска”, вели тој.

Сепак, Јелена Берковиќ, поранешен новинар и НВО активист, вели дека преговорите со ЕУ имаат малку или никакво влијание врз медиумите.

Тие не го спречија поранешниот премиер, Иво Санадер, да ја организира т.н. “Фими медиумска афера”, забележува таа, во која е вклучено канализирање на милиони евра од владините фондови преку медиумска маркетинг агенција.

“Медиумската сопственост се уште е нејасна, а не е ниту испитана; медиумите главно се уште немаат статути, а воведено е и ново кривично дело клевета”, додава таа.

Берковиќ ја критикува делегацијата на ЕУ во Хрватска затоа што „не ја унапредила нејзината соработка со новинарите во однос на нивните проблеми, или со Хрватското новинарско здружение, ХНД”.

Во Косово, каде што ЕУ има извршна власт, прекумисијата за владеење на правото, ЕУЛЕКС, се обидува да ги задоволи и борците за слобода на медиумите и политичарите, која резултираше со слаба поддршка за медиумите, велат правните експерти и професионалци од медиумите.

Потребно е посилно присуство на ЕУ во областа на медиумите во Косово, вели Фљутура Кусари, адвокат за медиуми на БИРН и член на одборот на Советот за печат на Косово.

„Ни треба ЕУ да биде силна и да врши притисок врзвладата да не донесува закони со кои се ограничува слободата на медиумите, но таа не се меша”, вели таа.

„Медиумите не се високо на нејзината приоритетна листа, па кога имаме случаи на насилство врз новинарите, ЕУ само дава јавни изјави барајќи од државните органи да спроведат истрага”, додава таа.

“Меѓутоа, кога ЕУ нешто смета за навистина важно, не се двоуми да интервенира”, признава таа.

Таков пример е законот за следење на комуникациите предложен од страна на Владата, дасе следат телефонски повици, кога ЕУ скокна и го спречи тоа.

Во Црна Гора, каде што владини претставници отворено фаворизираат некои медиуми, и каде што нападите врз членови на опозициските медиуми често поминуваат неказнети, Далиборка Уљаревиќ, директор на Центарот за граѓанско образование на Црна Гора, вели дека се надева оти евроинтегративниот процес ќе ја принуди владата да го промени својот однос кон медиумите. Црна Гора ги започна преговорите за членство минатата година.


Милка Тадиќ, директорка на неделникот „Монитор“во Подгорица, верува дека ЕУ сериозно ја сфаќа слободата на медиумите, но додава дека извештаите за ова прашање имаат тенденција да бидат површни, а не доаѓа ниту финансиска поддршка.

„Јас не разбирам зошто тие не се толку инволвирани. Дали е тоа поради недостаток на внатрешни капацитети, или поради тоа што чувствуваат потреба да се покаже Црна Гора како успешна приказна на патот кон ЕУ, па работите се разубавуваат?”, прашува таа.

Премолчување:

Оние што се најмалку задоволни со улогата на ЕУ во заштита на слободата на медиумите се босанските и македонски медиумски професионалци.

Душка Јуришиќ, од телевизија во босанскатафедерација (еден од двата ентитети во земјата), вели дека Брисел ги запоставил медиумските проблеми во земјата.

„Институциите како ЕУСР [специјалниот претставник на ЕУ] може да помогне да се зачува независноста и да се олеснат, ако не елиминираат, директните и индиректните притисоци на политичките лидери врз приватните медиуми,” тврди таа.

ЕУ, исто така, би можела да инсистира на реформи во јавните медиуми како една од главните одредници на патот на Босна до членството во ЕУ, додава таа.

Мирсад Фазлиќ, од сараевскиот неделник „Слободна Босна“, вели дека ЕУ им помогнала на медиумите во Босна во минатото, но дека помошта се намалила токму кога ситуацијата во медиумите се влошува.

„Јас не сум свесен дека ЕУ презема какви било конкретни мерки во однос на промовирање и помагање на слободните медиуми,” вели Фазлиќ.

„Целата земја има големи очекувања од ЕУ, како и медиумите,” вели Урош Вукиќ, новинар од весникот „Независне новине“ од Бања Лука.

„Но, има многу малку пари од ЕУ за медиумите … од кои се очекуваше од ЕУ делумно да се воспостават стандардите кои се применуваат во земјите-членки”.

Во Македонија, иако меѓународните организации ги критикуваа потезите на владата за замолчување на медиумските критичари, ЕУ не успеа да ја признае сериозноста на ситуацијата, велат локалните новинари.

Тие истакнуваат дека голем број медиуми се затворени во изминатите две години, а новинарите ги изгубија своите работни места зошто не одеа по линија на владата.

Во меѓувреме, ЕУ ја пофали македонската влада за декриминализација на клеветата.

Некои новинари стравуваат дека прашањето за слободата на медиумите е ефикасно жртвувано во име на напорите на ЕУ да ја убеди Македонија повеќе да соработува во својот долготраен спор околу името со Грција.

„Ситуацијата е влошена во однос на слободата на медиумите, и јас не гледам никаква поента во организирање на втора конференција, се додека самата ЕУ не презентира анализа за она што беше постигнато со првата”, вели Борјан Јовановски, македонски учесник на првата конференција.

Поглед од Брисел:

Додека новинарите на Балканот се скептични дека новата конференција може да обезбеди свежи решенија за борбата на независните медиуми, Енди Мекгафи, од делегацијата на ЕУ во Босна, вели дека Брисел е повеќе активен отколку што многумина сфаќаат.

Тој изјави за Балкан Инсајт дека Брисел многу долго го поддржува медиумскиот сектор, а особено јавната радиодифузија.

ЕУ финансирала проекти во вредност од 20.000.000 € за поддршка на јавниот радиодифузен систем во Босна и Херцеговина, истакнува тој.

„ЕК, исто така, само што започна со спроведување напроект вреден 1,5 милиони евра во регионот на Западен Балкан, во насока на поддршка на слободата на медиумите и одговорноста”, додава тој.

Мекгафи објасни дека сите проекти финансирани од ЕУ, како што се оние од пристапните фондови, вклучуваат задолжителна компонента за видливост за да се осигура дека медиумите добиваат објаснувања за тоа како се користат фондовите на ЕУ.

Во меѓувреме некои набљудувачи на балканските медиуми предупредуваат дека во регионот постојат нереални очекувања. Тие истакнуваат дека ЕУ не секогаш интервенирала во сферата, дури и во земјите-членки, кога работите ќе тргнат наопаку.

„Ако се земе предвид случајот со Унгарија и слабатареакција на ЕУ… ќе сфатите дека ЕУ нема вистински инструменти да дејствува”, вели Оливер Вујовиќ, претседател на СЕЕМО, осврнувајќи се на широко критикуваните закони за медиуми што ги воведе владата на Унгарија, за кои се покажа дека ЕУ не може да ги запре.

Слично на тоа, кога грчката влада минатата недела нагло го затвори јавниот радиодифузен сервис во земјата со цел да се заштедат пари, Брисел ниту гоосуди, ниту го доведе во прашање потегот.

Помирувањето со фактот дека моќната ЕУ не е толку семоќна како што некои балкански медиумски професионалци замислуваат нема да биде лесно. Наоѓањето на внатрешни ресурси за справување со предизвиците е задолжително за професијата.

Драшко Ѓурановиќ, уредник на веб-сајтот Аналитика, заклучува: „Ние самите треба да се бориме за сопствената слобода”.

Тамара Чаусидис, претседател на Синдикатот на новинарите на Македонија, и една од оние кои се поканети да учествуваат на овогодишната конференција, запрашана за нејзините очекувања, одговори: „Апсолутно немам“.

„Јас нема да одам таму за да бидам сослушана од страна на Комисијата, затоа што тие веќе ги слушнале нашите жолчни забелешки во многу ситуации”, вели таа.

Таа ќе оди во Брисел „за да комуницира со граѓаните на другите земји да им каже како се тргува со принципите во Европската заедница, а можеби тие ќе може да го издржат притисокот кои ние не можеме”, вели таа.

Бесар Ликмета во Тирана, Едона Пеци во Приштина, Бојана Барловац во Белград, Борис Павелиќ во Загреб, Самир Кајошевиќ во Подгорица, Елвира Јукиќ во Сараево и Сашка Цветковска во Скопје учествуваа во подготовката на овој текст.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

ВЕСТИ October 6, 2025

Во египетското одморалиште Шаем ел Шејк почнаа индиректните разговори помеѓу делегациите на Израел и Хамас…

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.