Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брисел денес очекува договор

0
By Светлана Јовановска on October 7, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Брисел очекува дека денес ќе има договор за изборното законодавство. Тоа што рокот е пробиен за неколу часа не е голем проблем, но доколку денес се дојде до договор.

Ова е првата неофицијална реакција која доаѓа од Брисел. Во Европската комисија (ЕК) очекуваат да се постигне договор што е можно побрзо:

“Партиите сабајлево повторно седнаа на маса и преговорите продолжуваат. Најважно е да се дојде до консензус и сите страни од преговорите да се согласат со она што ќе биде договорено”, вели изворот на НОВА во Брисел.

Комесарот Јоханес Хан со големо внимание ги следи настаните но денес не се очекува негова реакција на најновиот развој на настаните.

Засега нема реакција од Брисел ниту на предлог-законот што вчера го поднесоа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Но, Европа повеќе не го крие своето незадоволство од постојаните тензии, убедувања и притисоци со кои меѓународната заедница мора се служи за да се дојде до договор.

“Околу предлог законот може само да каже дека треба да се почека и да се види дали денес ќе има некаков напредок околу сето тоа. Но, веќе се навикнавме на вакви изненадувања во Македонија”, вели нашиот извор.

Одложувањето за една недела на објавувањето на годишниот извештај на ЕК за Македонија и другите балкански земји не е поврзано со преговорите во нашата земја. Но Брисел не крие дека ова одложување всушност е добра вест за Македонија. Со ова притисокот врз страните во преговорите продолжува.

Во Брисел неофицијално информираат дека ќе има промени во презентацијата на извештаите и стратегијата на проширувањето но тврдат дека се до последен момент никој не може да каже дали препораката за преговори за членство за Македонија ќе најде место во извештајот. Се зависи од почитувањето на договорот од Пржино.

За потсетување: ЕК го одложи за седум дена објавувањето на годишните извештаи и стратегијата на проширувањето поради тоа што на првично предвидениот датум, 14 октомври, се одржува самит на ЕУ посветен на миграцијата. Самитот ќе го привлече целото медиумско внимание во ЕУ а ЕК би сакала нејзините наоди за Балканот да го најдат заслуженото место во европските медиуми.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.