Денеска во Брисел следува нова рунда на преговори помеѓу Белград и Приштина, односно премиерите Ивица Дачиќ и Хашим Тачи со посредство на ЕУ.
На маса стои постигнување на договор за нормализирање на врските меѓу Србија и Косово и решавање на статусот на српското малцинство на Косово.
Овој договор би ја вовел Србија кон конкретен чекор за преговори за членство во ЕУ.
Сепак, претходниот бриселски состанок во средата заврши без договор, кога Хашим Тачи ги напушти преговорите.
Белград го прифати изменетиот предлог на ЕУ, но Приштина го опструира договорот, тогаш изјави српскиот премир Ивица Дачиќ.
Неговиот косовски колега Хашим Тачи отворено се заканил со насилство.
Српската делегација ги прифатила сите предлози на високиот претставник на Евроската унија, Кетрин Ештон, но приштинската делегација го одбила она што веќе било договорено.
Како што пренесува српски Курир, Дачиќ изјавил дека Приштина наговестила дека прашањето за северно Косово може да се решава на други начини, а не со преговори.