Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брисел: За неуспехот се криви и Груевски и Заев

0
By Светлана Јовановска on June 11, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И Груевски и Заев се одговорни за неуспехот на бриселските преговори а утре најверојатно ќе дознаеме дали ДУИ ќе одлучи да излезе од Владата.

Во својот “твит” синоќа комесарот Јоханес Хан сакал да каже дека и двајцата лидери – Груевски и Заев – не покажале доволно одговорност и раководство на рундата неуспешни преговори за излегување од политичката криза која вчера се одржа во Брисел, смета висок дипломатски извор кој е запознаен со текот на вчерашните преговори.

Забелешката на Хан синоќа на Твитер во која тој напиша: „Сè уште нема конечен договор во преговорите за БЈР Македонија. Мошне сум разочаран од недостигот од одговорност и лидерство кај некои“, предизвика многу реакции и одговори на Твитер испратени до комесарот. Речиси сите бараа да комесарот да прецизира на кого точно мислел кога го пишувал твитот.

Одговорот на портпаролот на Европската комисија (ЕК) денес исто така не го задоволи љубопитството на јавноста. Маја Коцијанчич во име на ЕК рече дека “има различни нивоа на одговорност кога станува збор за лидерите кои беа на состанокот и јас нема да ви дадам ниту едно име”.

Изворот на НОВА одлучи да биде попрецизен и рече дека на вчерашниот состанок никој не сакал да му попушти на другиот.

“Ако се сакаше договор тоа можеше вчера да се направи. Но очигледно дека никој не сакаше договор. На масата имало многу предлози во кои можеше да се најде решение на релативно лесен начин. Но, до тоа не дојде и нема да ви откријам ништо ново ако ви кажам дека не само комесарот Хан туку и целата екипа на ЕУ е многу разочарана од вчерашниот неуспех”, вели нашиот извор.

За Брисел ова не значи дека Комисијата крева раце од желбата да ја врати Македонија на вистинскиот колосек и да се организираат фер и слободни избори како што беше договорено во Скопје – на крајот на април 2016 година.

Според нашиот извор, ЕК смета дека топката е во рацете на македонските лидери кои треба да најдат начин да и испратат порака на Комисијата дека се подготвени за договор. ЕК нема намера повторно да организира маратонски рунди преговори: “Комисијата нема повеќе да го прави она што го правеше во последните два месеци”, вели нашиот извор и додава дека отсега, и во очекување на сигнал од Скопје за подгтовеност за преговори, повеќе ќе се фокусира на реформската агенда што всушност е и основната задача на оваа институција.

Реформската агенда подразбира дека од Македонија уште позасилено ќе се бара независност на судството и слобода за медиумите. Накусо, Комисијата ќе работи на најавените поглавија 23 и 24 кои подразбираат реформи од владеењето на правото и фундаменталните слободи, областите кои во Македонија одамна се предмет на загриженост. Во таа насока се очекува и пристигнувањето на посебен извештај на ЕК кој го изработи цела екипа експерти која престојуваше во Скопје и со која раководеше Рајнхард Прибе, поранешен висок функционер на ЕК кој долго работеше токму на балканските проблеми.

Конечно, изворот на НОВА потврди дека Али Ахмети најавил дека можеби ќе се одлучи да излезе од владината коалиција. Но, истиот извор прецизира дека треба да се почека утрешниот ден за да се види дали намерата на Ахмети ќе стане реалност.

Доколку тоа се случи, тоа може да донесе две опции. Првата се брзи предвремени избори на кои целата опозиција најверојатно нема да учествува поради нивните ветувања дека нема да учествуваат во избори кои ги организира владата на Груевски. Но според втората, тоа не значи дека мора брзо да има избори и ќе можат да се почекаат договорените предвремени избори за април идната година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.