Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бриселски напади: Белгиската влада се ниша, истрагата добро напредува

0
By Светлана Јовановска on March 25, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Турскиот претседател Ердоган ја потресе белгиската политичка сцена а полиција од вчера е на штрек и денес уапси лице за кое се сомнева дека е еден од организаторите на нападите во европската престолнина.

Истрагата се чини добро напредува. Детали за уапсените лица не се се уште соопштени но францускиот претседател даде охрабрувачка изјава. Да споменеме дека Париз и Брисел се влезени во тесна соработка и размена на информации околу нападите.

Терористичката мрежа која ги почини нападите во Париз и Брисел е “во тек на уништување”, рече Франсоа Оланд кој додаде дека операциите кои денес и вчера се одвиваат во двата града даваат резултати.


Exclusive Schaerbeek 2 by sudpresse

Прв пропуст

Очигледните грешки на министрите за внатрешни работи и правда на Белгија, Јан Јамбон и Кун Гес, кои вчера поднесоа оставка која не им беше прифатена од премиерот Шарл Мишел, го шокираа белгискиот парламент. И веќе денес беше свикана посебна парламентарна комисија која го минува денот во испрашување на овие двајца министри но и министерот за надворешни работи чија што служба не обрнала сериозно внимание на пораките кои доаѓале од Турција.

Да посетиме дека Ердоган во средата изјави дека Ибрахим Ел Бакрави, терористот кој се разнесе со експлозија во Брисел, бил уапсен на 15 јуни 2015 година во Турција, на 50 километри од Сирија. Турција го држела во затвор еден месец а потоа, на негово барање, бил испратен во Амстердам.


Реџеп Таип Ердоган од Романија испрати незгодна порака до Белгија

Турција тврди дека и Брисел и Хаг биле на време информирани дека Ел Бакрави е опасен и можеби џихадист. Ни Белгија и Холандија не презеле ништо иако Ел Бакрави и е добро познат на белгиската полиција. Бил осуден на 10 години затвор во 2010 година за кражба и отворање оган кон полицијата но потоа бил условно ослободен иако затворот дал негативен извештај за него и не се сложил со ослободувањето. Во поставените услови Ел Бакрави морал да се јавува секој месец во полиција и имал забрана да престојува повеќе од еден месец во странство.

Ел Бакрави ова го почитувал се до јуни 2015 година кога исчезнал од радарите на власта. Потоа е уапсен во Турција на сириската граница и испратен во Амстердам. Но, ниту една служба не го повикала барем на разговор.

Втор пропуст

Другиот голем пропуст е информацијата дека полицијата на малиот град Мехелен на север на Брисел, од декември ја имала адресата на Салах Абдеслам, терористот од париските напади кој по четири месеци бегство беше уапсен пред една недела во Брисел. Оваа полициска станица не ја пренела информацијата на федерално ниво и со тоа пропуштила можност да го спречи можеби нападот во Брисел. Сомнежот за секогаш ќе остане во сеќавањето на целата земја.

На парламентарната сесија им немаше крај на прашањата на возбудените и шокирани пратеници од сите политички партии, како од власта така и од опозицијата.

Министрите се бранеа и се обидуваа да најдат оправдувања.


Јан Јамбон, министер за внатрешни работи

Јан Јамбон, министерот за внатрешни работи, го впери прстот во офицерот за врски на федералната полиција на Белгија во Истамбул кому му требале повеќе денови за да ја прати турската информација за Ибрахим Ел Бакрави во Брисел.

– Можам само да заклучма дека барем едно лице направило пропуст. Не се покажал ни проактивен ни посветен, изјави Јамбон.

Според министерот ниту една служба не направила грешка. Грешка направил еде човек.

На министерот за правда Генс му беа поставени десетици прашања за пропустот на судството со кој Ибрахим Ел Бакрави бил пуштен на слобода и не бил приведен дури ни кога социјалните служби обелодениле дека не знаат каде е иако со условното ослободување имал обврска да се јавува секој месец во надлежните социјални служби. Двајцата браќа Ел Бакрави биле осудувани и условно ослободени.


Кун Генс, министер за правда

– Минатото на двајцата браќа не е толку негативно како што тоа беше прикажано овие денови. Сепак, доколку секој ја вршеше својата работа на совршен начин, одреден број работи ќе се случеа на поинаков начин. Тоа не може да се исклучи, рече Генс.

Трет пропуст

И трета грешка денес излезе на виделина во два странски медиуми. Тие открија дека Абдеслам бил испрашан само еднаш помеѓу минатиот петок кога беше уапсен и вторникот, денот на нападите.

Површниот карактер на сослушувањто ги шокирал новинарите кога настанот им бил раскажан од луѓе кои блиски до истрагата или одбраната. Испрашувањето траело само два часа, еден час со полицијата и еден час со истражниот судија.

Кусото време и не е толку проблематично колку што биле површно самото сослушување кое се задржало единствено на неговите соучесници во париските напади и прашања практично не биле поставени за можни планови за нови напади.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.