Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Британија воведува данок на спалната соба

0
By Нова ТВ on February 19, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со оваа давачка британската влада сака да ги натера луѓето кои живеат во поголеми станови и куќи или кои имаат повеќе спални соби да се откажат од нив за да се ослободи повеќе простор за живеење на пренатрупаните семејства. Главниот аргумент на британската влада е дека измените ќе помогнат да се заштедат 23 милијарди годишно од трошоците кои и се создаваат на државата со законот за куќни бенефиции.

Во Велика Британија законот за бенефиции предвудува финансиска помош за закуп на станови на студенти, сиромашни, самохрани мајки и други социјално загрозени категории. Владата смета дека голем дел од овие категории граѓани изнајмуваат поголеми станови и со тоа државата потоа троши повеќе пари на кириите. Вториот аргумент е дека оние кои живеат во пренатрупан простор ќе можат да си дозволат комоција на сметка на оние кои живеат во простор кој не им е потребен само поради луксуз.

Законот наиде на голема критика во опозицијата, но и исмевање во медиуми. Според критичарите, владата е самата контрадикторна во своите аргументи. Тие велат дека загрозените не изнајмуваат поголеми станови поради луксуз, туку поради фактот дека во Британија е мал бројот на станови со една спална соба, па голем дел од жителите се приморани да одат во поголеми станови.

И покрај големите критики, британска влада, според пишувањата на медиумите е упорна во намерите да ја воведе оваа давачка.

Па така, многу скоро може да се случи сите оние кои имаат една спална повеќе одошто државата пресметала со правилникот дека им е потребно, ќе си плаќаат данок на секоја спална.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025
ФОКУС

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

ВЕСТИ September 5, 2025

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес за време на посетата на Еквадор изјави дека САД…

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.