Британскиот министер за одбрана Бен Валас предупреди дека рускиот напад врз Украина е „многу веројатен“ и покрај дипломатските напори да се спречи војна.
Валас во интервју за Сандеј Тајмс, вели дека дека „воздухот мириса на Минхен“, алудирајќи на договорот од 1938 година што му дозволи на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер да ја анектира Австрија, но сепак не спречи војна.
Во изјава за Тајмс, тој предупреди дека Русија собрала околу 130.000 војници и огромна количина воена опрема и оружје долж границата со Украина, додавајќи дека тоа значи дека „Москва може да изврши напад во секое време“.
„Можеби Путин ќе ги повлече тенковите и сите ќе можеме мирно да си одиме дома, но за некои на Запад воздухот мириса на Минхен“, рече Валас.
„Загрижувачки е што Русија продолжува да собира војска и покрај дипломатските разговори на највисоко ниво. Тоа значи дека можеби Кремљ одлучил да ја нападне Украина по секоја цена“, пренесува Индипендент изјава од британскиот министер за одбрана.