Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Британско МО: Со повлекувањето од Херсон Русите не можат да ја остварат стратешката цел- копнен коридор кон Одеса

0
By Соња Крамарска on November 10, 2022 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Способноста на Русија да ги задржи силите на западниот брег на Дњепар се најде под знак прашалник поради украинските удари на рутата за снабдување, наведуваат британски разузнавачи, додавајќи дека руските сили при повлекувањето уништиле повеќе мостови и веројатно поставиле мини за да го забават напредувањето на украинските сили. Загубата на западниот брег на Дњепар веројатно ќе ја спречи Русија во остварување на нејзината важна стратешка цел – воспоставување копнен коридор кон Одеса.

Британските воени разузнавачи во најновиот извештај на Министерството за одбрана пишуваат за одлуката на Русија да ги повлече нејзините сили од Херсон, најголемиот град што Русите го окупираа од почетокот на војната.

Како што наведуваат британските разузнавачи, руските сили ќе бидат ранливи со повлекување поради ограничениот број локации каде може да ја преминат реката Дњепар. Веројатно е дека повлекувањето ќе трае неколку дена, а притоа силите што ќе се повлекуваат, се верува оти ќе бидат покриени со артилериски оган од утврдените одбранбени позиции, се наведува во извештајот.

Разузнавачите потсетуваат дека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу нареди повлекување на руските сили од западниот брег на реката Дњепар во регионот Херсон во јужниот дел на Украина. Генералот Сергеј Суровикин, командантот на руските сили во Украина, потврди дека руските сили ќе се повлечат на одбранбените позиции покрај реката Дњепар, наведувајќи ги проблемите со снабдување како главна причина за одлуката.

 

британско МО руско повлекување од Керсон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025
ФОКУС

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

ВЕСТИ October 10, 2025

Нобеловиот комитет соопшти дека добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година е венецуелската…

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025

Трамп: Ја завршивме војната во Газа

October 9, 2025

Скопје: Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

October 9, 2025
ТИКЕР

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.