„Утрово имав состанок со претседателот на Србија и со министерот за надворешни работи затоа што не се работи за мала работа“, рече кусо премиерката на Србија Ана Брнабиќ по консултациите со претседателот Александар Вучиќ и министерот Ивица Дачиќ. Таа не ги соопшти причините поради кои што синоќа доцна вечерта целиот персонал на амбасадата на Србија во Македонија беше повлечен во Белград.
Се очекува тоа наскоро да го стори претседателот Александар Вучиќ. Пред амбасадата на Србија во Скопје има редовно полициско обезбедување и додатни екипи на единицата „Алфи“. Вучиќ денеска се сретна и со рускиот амбасадор во Белград.

