Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брнз: Влезот на Македонија во ЕУ е стратешки интерес на државата, регионот, ЕУ, па дури и САД

0
By Ivana on March 2, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Очигледно на граѓаните на Северна Македонија им треба исчекор, не им се потребни дополнителни назадувања. САД уште од почетокот беа многу јасни. Го поддржуваме влезот на Северна Македонија во ЕУ“, порача амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз во ексклузивно интервју за ТВ21.

Таа вели дека иако тие не е членка на ЕУ, сепак сметаат дека тоа е стратешки интерес на Северна Македонија, на регионот, на ЕУ, па дури и на САД.

– Постојано и јасно велиме дека сакаме пристапувањето кон ЕУ да се придвижи, колку што може побргу. Мислам дека гледаме единство и решителност во меѓународната заедница, помеѓу САД и европските партнери и во западната заедница во целина, за важноста на продолжувањето. И не само за да се одржи глобалната безбедност туку и да видиме напредок во заедничката агенда за демократија и владеење на правото. А токму тоа ќе се поттикне со влезот на Северна Македонија во ЕУ“, додава Кејт Мари Брнз во интервју за ТВ21.

Брнз посочи дека треба да се премине на отворање на преговарачката рамка со Европската Унија, и земјата да напредува од сите аспекти.

– Влегувањето на Северна Македонија во НАТО беше голем исчекор и веќе ги гледаме резултатите од тој потег на терен. Затоа нам ни е важен и следниот чекор, Северна Македонија и целиот Западен Балкан да се придвижи кон единствена, безбедна Европа. Тоа значи интеграција во евроатлантските институции. Мислам дека зборувате за вистинската фрустрација, која и јас ја слушам, зашто процесите не се одвиваат доволно брзо, истакна Брнз.

Брнз вели дека едно нешто што се потенцира во моментов е потребата повторно да се придвижат тие процеси, да се забрзаат напорите и да ја видиме Северна Македонија целосно интегрирана.

– Треба да преминеме на отвoрање на преговарaчката рамка со Европската Унија и да напредува од сите аспекти за не само да се усогласи со институциите на ЕУ туку и да се остварат аспирациите кои граѓаните ги имаат долго време, порача Брнз.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.