Најмалку 50 лица настрадаа во близина на италијанскиот брег, кога потона брод на кој се наоѓале над стотина мигранти, јави BBC.
Спасувачите и понатаму се обидуваат да извлечат голем број луѓе од водата во близина на островот Лампедуза, а официјално е соопштено дека се стравува бројот на жртвите да биде многу поголем.
Во потрага по преживеани трагаат бродовите на стражарската морнарица и царината, како и хеликопери.
Според неофицијалните информации, малиот брод кој бил преполн со патници се запалил, а потоа потонал.
Неодамна во понеделникот се удавија 13 азиланти во обид од заринканиот брод да допливаат до брегот.