Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Oд мекиците во Охрид 20 заболени, свадбарите од Нерези не ги даваат контактите

0
By Менче Атанасова Точи on June 13, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бројот на заразени со коронавирус , од мекиците во Охрид се искачи на 20,  а 80 луѓе се контакти ставени во изолација. Се зголемува бројот на новозаболени од семејната прослава на која се славело раѓање на бебе, во двор во семејна куќа. Според информациите на надлежените на прославата за два дена продефилирале 200 луѓе.

Меѓу заболените е и таткото на бебето за кој се претпоставува дека е изворот на овој нов кластер. Тој е хосипитализиран во болницата во Битола, со лесна клиничка слика.

“Бројот на новозаболенис е зголемува. На почетокот во епидемилошката анкета навеле само 30 контакти, но како почнаа да се позитивизираат се јавуваат нови контакти. Од ЦЈЗ добиваме епидемиолошки анкети на контактите и нивните контакти“, изјави за НОВА, д-р. Ирина Сотирова Бухова, директорка на ДСЗИ.

д-р. Ирина Сотирова Бухова, директорка на ДСЗИ

Настанот се случил на почетокот на месец јуни. Се уште не се знае колку заболени ќе има од овој нов кластер бидејќи тестирањата се се уште во тек. Некои од луѓето кои биле присутни таму се јавувавале сами со симптоми, а другите ги бараат. Епидемилозите се уште работат на овие случаи и целокупната слика за овој кластер.

Од свадбата во скопско Нерези на која имало 100 гости, досега се дијагностицирани 14 позитивни случаи.  Од овој кластер, ДСЗИ има издадено 14 решенија на позитивните случаи, но досега немаат издадено ниту едно решение за контактите бидејќи тие не соработуваат и не ги кажуваат луѓето кои биле присутни на свадбата.

„Епидемилозите досега немаат добиено ниту една епидемиолошка анкета од позитивните случаи за контактите од овој кластер“, вели д-р. Сотирова Бухова.

Младоженците од оваа свадба која се оджа на 31 мај се вработени во Лекарската комора и двајцата се позитивни на Ковид-19. Позитивни се сите од потесното семејство, како и сестрата на младоженецот која е лекарка. Не само што не ги даваат контактите, младоженците вршеле притисок и на своите работни места, зошто информацијата ја пласирале во јавност.

Инаку, ДСЗИ има проблем и со многу други случаи кои се кријат и не ги примаат решенијата за самоизолација. Или не се достапни на телефони, имаат дадено погрешни адреси или не отвораат кога им се доставуваат решенијата, велат од таму. До пред некој ден имало насобрано околу 300 решенија кои не можеле да ги достават. Денес имало 50 решенија, од кои само пет успеале да ги достават на посочените адреси.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.