Агата е најсилниот ураган кој воопшто некогаш бил регистриран, што го погодил источниот дел на Пацификот во месец мај.
Бројот на загинати во ураганот Агата, кој го погоди Мексико, денеска се искачи на 11, додека 20 лица се уште се водат како исчезнати, изјави гувернерот на сојузната држава Оахака на југот на земјата, Алехандро Мурат.
Тој рече дека реките во таа област се излеале од коритата и ги поплавиле нивните домови, а многу жртви биле затрупани под кал и камења, пренесува Асошиејтед Прес.