Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брзото читање на рекламите за лекови-замка за граѓаните

0
By Менче Атанасова Точи on November 20, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дали разбравте што кажа женскиот глас во рекламата за лекот? Доколку не разбравте може да ја слушнете уште еднаш, можеби ќе ви стане јасно што сака да објасни.

За да ви стане појасно, ова е дел од реклама за лек која оди на радио, но такви се и телевизиските реклами за сите лекови за кои е дозволено рекламирање . Станува збор за лекови кои може да се купат слободно во аптеките без лекарски рецепт.

Тие се рекламираат како безопасни и најчесто природни, но замката е сокриена во вториот дел од реклама, токму во делот во кој се состои предупредувањето каде се вели дека пред употреба треба да се консултира лекар или фармацевт. Но, токму тој, најважниот дел се кажува со таква брзина, што едноставно не може да се разбере ниту по пет пати слушање.

Едно истражување кое било спроведено во Универзитетот во Мичиген покажало дека околу 40 проценти од родителите на децата им даваат лекови кои не смеат да ги користат бидејќи предизвикуваат сериозни последици по нивното здравје.

-Најчесто на децата им се даваат лекови против кашлање или настинка кои не смеат да ги користат деца под две или четири години бидејќи може да предизвикаат мамурност, забавено дишење,алергиски реакции, халуцинации, грчеви, нееднакви срцеви очукувања.Тие препарати не го намалуваат времето на траење на инфекцијата и погрешната употреба може да предизвика сериозни нарушувања. Но, она што збунува е што деталите обично се содржани на позадината на кутијата од лекот, напишани се со ситни букви или се читаат брзо во рекламите, така што родителите не можат да го дознаат она што е најважно, пишува професорот Matthew Davis, во списанието New Science Monitor.

Според Американската агенција за храна и лекови(FDA),лекови без рецепт не треба да се даваат на деца кои се помали од две години..Но, поради ваквиот тип на реклами или поради ситните букви на позадината на пакувањето од лекот, овие предупредувања тешко допираат до родителите, тие најчесто не можат да ги слушнат, разберат или прочитаат.
Ова се случува во многу земји од светот, а во Македонија е тренд во последните неколку години. .

НОВА се обиде да истражи зошто е тоа така, зошто токму најважниот дел е најмалку забележителен при рекламирањето на лекот.

Во Фармацевстката комора на Македонија велат дека според Европските директиви, задолжително е при рекламирањето на лекот да се предупредат граѓаните дека пред употребата на препаратот кој е за само излекување, да консултираат лекар заради можни несакани ефекти.

-При рекламирањето на лековите без разлика дали се домашни или од странство, треба јасно и гласно да биде кажано дека пациентот треба да се консултира со лекар пред да почне да го користи лекот бидејќи може да предизвика сериозни несакани ефекти. Доколку пациентот не е информиран за ова предупредување, несаканата реакција може да биде опасна по неговото здравје, изјави за НОВА Бистра Ангеловска претседател на Фармацевската комора на РМ.

Ангеловска смета дека станува збор за маркетиншки трик, најверојатно за да се заштеди време или да се стави акцент на првиот дел од рекламата за да се има впечаток дека само тој лек делува најдобро.

Според Петар Арсовски, маркетинг експерт, основата причина за ваквиот начин на рекламирање е да се заштеди во време, бидејќи рекламите, особено телевизиските, се многу скапи. Една секунда рекламен простор чини од 50 до 180 евра, во зависност на која телевизија се емитува рекламата и во кој дел од програмата.

-Секоја секунда е драгоцена. Замислете, со 10 секунди се заштедуваат цели 1800 евра. Можам да ви кажам дека забрзувањето на текстот што се чита, некогаш се прави вештачки на компјутер бидејќи со таква брзина никој и не може да го прочита. За разлика од кај нас, во Србија и Хрватска задолжително е во делот кој се пушта во етер забрзано, да биде испишан текст со она што се кажува, изјави за НОВА Арсовски.

Со ваквиот начин на рекламирање луѓето не ја добиваат вистинската информација за лекот кој го користат пишува New Science Monitor.

– Деталите се обично во тој дел и тие се најважни, вели професорот Matthew Davis.

Експертите предупредуваат дека треба да се најде начин како да се избегне ваквиот вид на рекламирање, бидејќи претставува манипулација на потрошувачите, на луѓето кои сакаат да земаат одреден лек, а всушност ја немаат вистинската слика за него, ниту знаат какви реакции и несакани ефекти може да предизвика во нивниот организам. .

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: „Марш на ангелите“ – шест месеци без правда за Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Вечерва во Скопје на плоштадот Македонија, по повод шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“…

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

September 16, 2025

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.