Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бубевски и Ајро ги отфрлаат како невистинити наводите во кривичната пријава за „Труст”

0
By Ivana on April 11, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заедничка изјава на јавните обвинители Артан Ајро и Гаврил Бубевски

Сите наводи во кривичната пријава поднесена од Државното правобранителство, а која се однесува на постапката за конфискација на имотот во предметот „Труст” целосно ги отфрламе како невистинити.

Во предметот „Труст”, во кој постапувавме како надлежни јавни обвинители, ги презедовме сите мерки и активности во наша надлежност. Задача на обвинителството е да ја лоцира имотната корист, да побара од судот нејзино замрзнување и на крајот на судската постапка да предложи нејзина конфискација. Согласно член 202 став 11 и член 541 став 5 од Законот за кривична постапка, сите дејствија врз имотот и предметите што се предмет на обезбедување, а кои се преземени по поднесувањето на барањето за привремена мерка, како што е во овој случај, се ништовни. Постапката за заштита на имотните интереси на државата надвор од кривичниот прогон е во надлежност на Државното правобранителство.

Укажуваме дека во стечајната постапка поведена меѓу првостепената и второстепената пресуда во предметот, согласно член 89 од Законот за стечај, „секој доверител може да оспори побарување на друг доверител доколку поднесе посебен приговор”, согласно условите наведени во законот. Во конкретната стечајната постапка доверител е државата, а нејзин застапник за имотните интереси е Државното правобранителство. Јавното обвинителство по ниту еден основ не се појавува како доверител во стечајната постапка, ниту е известено за нејзиниот исход. Тоа впрочем е истакнато и во решението на стечајниот судија, кој во текот на постапката му предочил на државниот правобранител дека дел од имотот кој е предмет на стечајно побарување е предмет на конфискација со правосилна пресуда. Но и покрај укажувањето, државниот правобранител не ги заштитил имотните интереси на државата. На крајот на судската постапка во предметот „Труст” обвинителството, согласно своите надлежности, побара конфискација на имотот и по правосилноста на пресудата тој имот е запишан на име на Република Северна Македонија. Имотот што е предмет на конфискација постои и неговото впаричување не е оневозможено.

Како јавни обвинители, уверени сме дека проверката на наводите во кривичната пријава од Државното правобранителство ќе резултира со утврдување на релевантни факти од кои ќе се утврди нашето постапување согласно закон. Исто така, уверени сме дека со целосно расчистување на овој случај, јавноста ќе добие увид во вистинските причини и мотиви за нападот врз нас како јавни обвинители кои постапуваа по предметот. Посочуваме дека институциите треба да соработуваат и да работат во интерес на граѓаните и на државата, а не со неосновани напади да го затскриваат сопственото непостапување.

Во досегашното наше работење одлучно се залагаме за транспарентност во постапувањето и за отворена директна комуникација со медиумите. Затоа, изразуваме разочарување за одлуката на уредувачкиот тим на емисијата „КОД”, емитувана на 10.04.2022 (недела), еднострано да го презентира комплексниот предмет поврзан со конфискацијата во „Труст”, без притоа воопшто да ни даде можност нам, како надлежни јавни обвинители за случајот, да ги изложиме нашите аргументи. Со тоа, јавноста нецелосно е информирана, а основа за емисијата е кривичната пријава доставена на 08.04.2022 (петок) и по која во времето на емитување на емисијата сѐ уште не бил отворен предмет во Јавното обвинителство. Во емисијата прекршен е принципот на пресумпција на невиност, а изнесените еднострани наводи и констатации се шпекулации.

Истакнуваме дека нашето постапување е законито и очекуваме дека во постапката ќе се утврдат битните факти и околности за донесување соодветна одлука, а особено дали со поднесената кривична пријава се врши кривично дело лажно пријавување. Остануваме отворени и транспарентни за медиумите за да може јавноста да ги добие точните информации.

Јавен обвинител Артан Ајро и Основен јавен обвинител Гаврил Бубевски​

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.