Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бучковски: Договорот од 2017 година е клучот за напредок меѓу Бугарија и Северна Македонија

0
By Ivana on January 16, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во програмата „Зборувај сега“ на БНТ, поранешниот преговарач на македонската Влада Владо Бучковски коментира дека сè уште верува дека клучот за напредок меѓу Бугарија и Северна Македонија е договорот од 2017 година.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Бучковски, изјаснувањето на претходниот бугарски парламент предизвикало проблеми во односите меѓу двете земји, од друга страна, Бугарија смета дека Северна Македонија не го исполнува договорот. Но, Скопје смета дека декларацијата не може да има поголема вредност од договорот, бидејќи е ратификувана од парламентите на двете земји.

Во однос на инфраструктурата, според Бучковски, Скопје има направено двојно повеќе од Софија, давајќи пример со финансирањето на пругата до Крива Паланка за која се обезбедени 400 милиони евра. Потоа, за 45 минути помалку патување од Скопје до Софија по патот од Ранковце до Крива Паланка, а делот од Крива Паланка до Деве Баир ќе биде готов до крајот на 2022 година. Истовремено, вели тој, треба да се направи поврзување и со автопат до Штип, кој преку Делчево и Благоеврад треба да има врска со Бугарија.

Според него, ниту еден од македонските Бугари не му сигнализирал на Народниот правобранител на Северна Македонија или на Комисијата за дискриминација дека неговите права се ограничени на национална основа. За да се смени Уставот на Северна Македонија и во него да се вклучат Бугарите, појаснува дека мора да има 2/3 или 81 пратеник. Опозицијата во македонскиот парламент, претставувана од ВМРО-ДПМНЕ, се противи на ова да се случи, но истовремено сигнализира дека сака реципроцитет и покрај тоа што бугарскиот Устав нема таков елемент. Прашањето за човековите права и заедничката историја што ги обединува народите преку заеднички личности ќе мора да се продолжи, бидејќи тоа е напишано во Договорот.

Бучковски во интервјуто им се обрати на бугарските граѓани, прашувајќи ги каков е ефектот од блокадата на Северна Македонија и дали Бугарија ја постигнала целта или го зголемила нивото на говор на омраза, а одговорот според него бил вториот.

– Решението е во Договорот, двете влади мора да ја вратат довербата. Проблемот беше што во Бугарија немаше влада осум месеци, додаде Бучковски, што според него влијаело и на севкупната динамика на барање решение за проблемот.

За поранешниот македонски преговарач клучно е прашањето, зошто блокадата дојде од бугарска страна, што била голема енигма за него. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.