Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бучковски: Историјата, заедничката историја, не можеме да ја промениме ниту јас, ниту Захариева

0
By Нова ТВ on December 9, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На заедничката прес конференција на Владо Бучковски и министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, во Софија, македонскиот претставник посочи дека е задоволен од конструктивниот разговор кој го имале и дека како што вели – во периодот кој претстои време е многу повеќе да се фалиме со сработеното, со дела, отколку со празни зборови .

-Да го изразам своето задоволство за конструктивните разговори. Имавме повеќе од еден час те- та-тет средба, потоа заедно со нашиот државен секретар во министертвото Зоран Попов имавме отворени пријателски разговори. Убеден сум дека ја убедивме министерката Захариева и нејзиниот тим дека сме решителни во намерата да го имплементираме договорот за пријателство и соработка. Бараме инструменти ако тоа е патната карта, патоказот, верувам дека тоа ќе  може да биде алатката каде што ќе ги мериме достигнувањата во периодот кој претстои.

-Признаваме дека е нарушена довербата, јас го изразувам своето лично задоволство што пријателска Бугарија го смета моето назначување за специјален претставник како дополнителен напор од наша страна да ја вратиме таа изгубена доверба. И се согласивме дека во периодот кој претстои време е многу повеќе да се фалиме со сработеното, со дела, отколку со празни зборови. И мојата задача ќе биде како човек кој ќе биде задолжен за координација за исполнувањето на договорот, но не и во делот на историјата.  Историјата, заедничката историја, не можеме да ја промениме ниту јас, ниту Захариева, но можеме да ги промениме работите во делот на инфраструктурата, капиталните објекти, посилната соработка во образованието и науката, во зближување на двата народа, рече Бучковски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.