Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугајски: Инцидентите се резултат од повеќе фрустрации

0
By Нова ТВ on March 9, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Инцидентите во Македонија имаат подлога во застојот на интеграциите и фрустрираноста на граѓаните, но можат да бидат експлоатирани од локалните политичари, вели Јануш Бугајски, американски дипломат и експерт за Балканот, во разговор со МИА.

Бугајски оценува дека Балканот влегува во тежок период, во кој перспективата за проширување на Европската Унија е во застој, а американскиот ангажман во регионот е значително намален.

– Состојбата во Македонија покажува едно ниво на фрустрираност, во македонската и албанската заедница. Има реакција кај Македонците, не само за именувањето на министерот за одбрана, туку и вработувањата на Албанците во јавната администрација согласно принципот на позитивна дискриминација.

– Кај Албанците, пак, фрустрацијата е дека земјата не оди напред доволно бргу, и околу протестите минатиот петок, прашањето кои стои зад нив и дали полицијата добро се справи.

Овие инциденти се испровоцирани од многу фактори и агенти, но не знам дали тоа може да поттикне подлабоката оттуѓеност на двете заедници. САД и Европската Унија можат да испратат осуди, да им кажат на Владата и на опозицијата да седнат и да разговараат, но на крај е прашањето е околу ситуацијата на терен, дали локалните политичари ќе се обидат да ја експлоатираат ситуацијата ако оценат дека е кревка, вели Бугајски, експерт на Центарот за стратегиски и меѓународни истражувања и Надворешно политичкиот институт на Стејт департментот.

Според него, ангажманот на САД и на Европската Унија е ограничен поради грчката блокада на македонските интеграции.

– Американската дипломатија е тесно вклучена во балканските прашања, но под претседателот Обама, па дури и под претседателот Буш, САД во суштина и ја предадоа палката на Европа. Америка има други приоритети, не може да посвети толку внимание на Балканот како во периодот на војните и по нив. Има и други кризи со кои треба да се занимава.

Американскиот дипломатски ангажман не е ист како порано, а ЕУ е многу поделена во својот пристап, оценува Бугајски. Едно прашање по кое американскиот Стејт департмент се ангажираше е реагирањето кон Албанија, по неколкуте настапи на премиерот Сали Бериша кои предизвикаа контроверзии. Бугајски вели дека играњето на националистичката карта од страна на Бериша и појавувањето на националистички партии во Албанија и во Косово е потенцијално загрижувачка работа.

– Ќе видиме дали ова ќе продолжи и по изборите. Во Албанија се формираше нова партија во Албанија, Црвено-црна алијанса која поотворено зборува за обединување со Косово, а можеби и со други територии каде што живеат Албанците. Во Косово, каде има фрустрации со меѓународната блокада, високо ниво на корупција и лошите економски перформанси, исто така има релативно нова партија, Самоопределување, која освои значителен број на пратенички места и исто така зобрува за Голема Албанија. Ова се загрижувачки фактори во време кога економијата не се движи добро и кога напредокот кон ЕУ не е како што би требало да биде.

Европа не изгледа дека е посветена на проширувањето како што беше пред неколку години. Младото албанско население може да биде привлечено кон овие националистички движења, предупредува Бугајски.

Според него, единствена светла точка во регионот е очекуваниот прием на Хрватска во ЕУ, и донекаде Црна Гора. Бугајски оценува дека собраниските бојкоти и проблемите во политичкиот дијалог, кои се една од пречките за интеграциите на Македонија и на Албанија, произлегуваат од желбата на меѓународната заедница да избегне подлабока поларизација на општеството.

– Во демократски земји како Македонија и Албанија би требало мнозинството во Парламентот да може да гласа согласно бројот на своите гласови. Но, меѓународната заедница се плаши дека ова може да доведе до огромна политичка поларизација, нешто што го видовме во Албанија каде двете страни како да се два клана, две фудбалски екипи кои се мразат едни со други.

– Со инсистирањето на политички дијалог, САД и ЕУ се обидуваат да избегнат ваква длабока политичка поларизација, стравувајќи дека ова може да се прелее од институциите на улиците. Во Македонија, етничката македонска опозиција СДСМ не е толку силна, но има дополнително прашање околу потребата да се избегне оттуѓување на албанска заедница, вели Бугајски, во интервјуто за МИА.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

ВЕСТИ September 28, 2025

Украина соопшти дека најмалку четири лица се убиени, а 13 други се ранети во главниот…

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.