Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарија дава државјанства на ЕУ на руски бизнисмени, ја обвинува Македонија за врски со Москва

0
By Нова ТВ on February 24, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Бојко Борисов предизвика метеж низ целиот свет со кршење на протоколот и подарување „Каракачанка“ на рускиот претседател Владимир Путин. Но, тоа е Бугарија, уникатна држава, која според последните информации  како подарок за збогум му дала бугарско државјанство на Сергеј Андронов, Русин од енергетската компанија „Лукоил“ со што, и покрај санкциите кон оваа компанија од страна на Брисел, му овозможиле слободен пристап во ЕУ.

Ова го пишува бугарскиот медиум „Медиапоол“, откако бугарските политичари ја обвинија Македонија за врски со Русија иако бара да стане членка на Европската унија. Практично, нивната политика ја пресликуваат на нашата држава, па не обвинуваат.

Сергеј Андронов, според медиумот, го добил државјанството во 2015 година како  долгогодишен претседател на управниот одбор на „Лукоил Нефтохим Бургас“ за „посебни заслуги“. Малку подоцна, Андронов заминал во Русија за да го преземе управувањето со рафинеријата во неговиот роден град Перм, но го задржал подарокот – бугарскиот пасош, бугарскиот ПИН, а со тоа  и пристапот до целата ЕУ.

Многу интересни се и мотивите со кои е дадено државјанството – за посебни заслуги во економската сфера како резултат на трговијата и дистрибуцијата на високо квалитетни горива. Но, пред неколку години  „Лукоил Нефтохим“ беше вмешан во скандал во врска со недостиг на мерни инструменти и царината им ја одзеде лиценцата. Компанијата беше обвинета и од Комисијата за заштита на конкуренцијата поради  монопол во трговијата со гориво, но ова помина брзо и без последици за неа.

Предлогот за доделување државјанство бил даден во 2015 година од тогашниот
министер за економија и лидер на УДФ, Божидар Лукарски, а указот бил издаден истата година. Тогаш претседател беше Росен Плевнелиев, а указите за издавање на државјанството ги потпишуваше потпретседателот – тогаш Маргарита Попова. Во правните регистри Андронов се појавува со два ПИН – бугарски и руски.
Раководството на УДФ во моментов е во коалиција со ГЕРБ, што е образложено со потребата за обединување во борбата против  БСП, бугарската социјалистичка „про-Кремљ партија и нејзините сателити“.Кога му беше доделено државјанството на Андронов во 2015 година, ЕУ и САД се бореа против  де факто анексијата на Крим од Руската Федерација, а во 2018 година Соединетите држави воведоа и делумни санкции за „Лукоил“.

Ова е втор случај Русин на висока позиција во „Лукоил“ да добие бугарско државјанство. Во 2018 година, Антикорупцискиот фонд го обелодени случајот со Николај Ивчиков, кој доби државјанство на предлог на Румен Овчаров во 2007 година. Во ова време Ивчиков е заменик-шеф на „Лукоил Бугарија“, но откако доби пасош ја напушти земјата и започна да работи за „Лукооил Хрватска“.

Сергеј Андронов беше претседател на Управниот одбор на „Лукоил Нефетохим“ од 2007 до 2016 година. За тоа време, компанијата објави инвестиции од 2,5 милијарди долари, но истовремено и акумулираше сметководствени загуби, што значи дека не плаќала данок на добивка на државата. Во 2011 година, директорот на Царинската агенција Ванио Танов, ја одзеде лиценцата на даночен склад на „Лукоил Нефтохим“ и на магацинот „Розенец“ поради доцнење во инсталацијата на мерната опрема. Компанијата поднесе жалба до судот, кој го прекина прелиминарното извршување на наредбата на Танов. Скандалот потоа стивна и рафинеријата ја задржа лиценцата.

Во 2012 година, со поддршка на ГЕРБ, Сергеј Андронов ја доби титулата „почесен граѓанин“ на Бургас. За време на дебатите во општинскиот совет, спротивставувањето на оваа одлука беше доста лабаво. Само еден советник праша дали е соодветно да се даде оваа титула на претставник на компанија што е голем загадувач на градот. ГЕРБ и локалната еко-инспекција рекоа дека „Лукоил“ вложил многу да нема загадување. Сепак, загадувањето продолжи и  после тоа.

Министерството за правда и претседателскиот кабинет ги кријат информациите за странски државјани кои добиле државјанство за „посебни заслуги“ за државата и општеството. Апсурдниот формален аргумент е дека тоа се лични податоци. Зад ова, сепак, стои желбата да се прикрие непринципиелното доделување државјанство на десетици фудбалери и бизнисмени, што исто така доведува до основани сомневања за трговија со влијание. Единствената личност на која властите јавно му дале државјанство е Иранецот Абдула Заргар. Тој е началник на болница во Исперих и е исклучително сакан од неговите сограѓани за неговата работа во корист на општеството. Заргар доби државјанство по шест години маки и едно одбивање во 2015 година. Наспроти ова, светски познатите бразилски фудбалери добија државјанство за специјални заслуги за бугарскиот спорт во рок од неколку дена. Сега е јасно дека пасошите исто така биле давани и како подароци, констатира „Медиапоол“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025
ФОКУС

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

ВЕСТИ September 30, 2025

Стејт департментот порача дека САД се подготвени да соработуваат со косовската влада, но дека очекуваат…

„Ако не го прифатите, ќе биде тоа тажен крај“ – Трамп му даде 4 дена на Хамас за планот за Газа

September 30, 2025

Министерот за одбрана на САД до американските генерали и адмирали: Подгответе се за војна

September 30, 2025

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

September 30, 2025
ТИКЕР

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.