Софија: Бугарија денеска доби преодна влада на чело со премиерот Димитар Главчев, а за 9. јуни се закажани вонредни парламентарни избори.
Народното собрание на вонредна седница ја инаугурираше 10. преодна влада во историјата на државата, а шеста во последните четири години.
Тоа е и првата влада која по неодамнешните уставни измени положи заклетва пред парламентот, а не пред претседателот.
.Според Уставот на земјата, доколку не се постигне договор за формирање влада, претседателот по консултација со пратеничките групи назначува преодна влада и распишува нови предвремени избори во рок од 2 месеци.