Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарија ја тресе случај на размена на бебиња во болница

0
By Соња Крамарска on December 22, 2022 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, РЕГИОН
директорот на болницата. Фото: БГНЕС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во акушерско-гинеколошката болница „Шејново“ со недели траат инспекции, но не ги откриваме за да избегнеме објавување лични податоци. Освен оваа проверка на обвинителството кое ги утврди биолошките родители на двете деца, отсега во правна процедура е како ќе се разменат децата.

Ова го изјави директорот на болницата „Шејново“, д-р Румен Велев, за сторијата на БГНЕС.

Бебињата имаат посебни нараквици, кои им ги става болницата. Само што мајките и децата имаат исти алки, ама бебињата се сменети. На мајката „А“ и дадоа бебе со нараквица „Б“, додаде директорот.

Луѓето кои ја направиле оваа грешка ќе бидат казнети. Има некои вознемирувачки факти кои во моментов не можеме да ги објасниме: ниту една од двете мајки во текот на целиот престој не обрнала внимание на бројките на нараквиците, ниту пак биле проверени кога биле отпуштени, а три месеци се прилично долг период на време за мајките да ги споредат нараквиците, особено затоа што една мајка строго ги чува документите.

Мислам дека немало намера за размена на децата, додал докторот.

„Во болницата, дознавме за размената по 8 декември, кога една од мајките му се јави на службеникот на болницата за да каже дека се сомнева. Во моментот кога го сфативме ова, следниот ден лично ја известив полицијата дека е можен таков проблем. Оваа мајка потоа ги видела двете нараквици и сфатила дека бројот на нејзината нараквица и на бебето не се исти. Грешката се случи при првото делење на бебињата на мајките“, објасни д-р Велев.

„Сето тоа се низа смешни случајности и можеби е виновна една личност која ги измеша работите на почетокот, но тоа на ниту еден начин не нè оправдува. Меѓутоа, проблемот не е толку за нас, дури ни толку за општеството, колку за двете семејства. Многу ни е жал за тоа што се случи и семејствата ја имаат нашата целосна поддршка, доколку им треба здравствена или психолошка помош, ние сме секогаш тука. Лекар сум повеќе од 30 години и ова никогаш не ми се случило, првпат сум сведок на вакво нешто, немам објаснување што се случило, но сигурно нема намера“, вели лекарот.

Во моментот кога ќе завршат инспекциите и ќе се најдат службени лица кои ги прекршиле нашите протоколи, природно ќе добијат и административна казна и ќе бидат предмет на судска одговорност, бидејќи е поведена претистражна постапка“, коментира директорот на болницата.

„Разговаравме со сите вработени, сослушани се повеќе од 30 вработени, така што се е во обвинителството. Сакам прво овој случај да заврши на најдобар начин за двете семејства, доколку се утврди дека имаме некакви процедурални прекршувања во случајот, секогаш сум подготвен да поднесам оставка. Нашата главна цел беше да ги задржиме овие информации што е можно подолго дискретни и всушност од моментот кога ја известив полицијата поминаа осум дена, односно осум дена не беше јасно што се случило. Нема информации како е протечена информацијата, имам свое мислење како се случило, но ќе се воздржам да кажам“, рече директорот коментирајќи ја критиката на в.д. министерот за здравство Асен Меџидиев дека не бил информиран за случајот.

Директорот на болницата прецизираше дека двете семејства соработувале со органите на прогонот, и дека во рок од седум дена биле извршени сите истражни дејствија, извшен е распит, земени се биолошки примероци, утврдени се биолошките родители, за што е потребно многу врем,. односно тоа не можело да се случи без родителска помош.

„Ова е логично бидејќи секоја мајка очекува да го земе во раце своето бебе. Во оваа фаза не сум разговарал со мајките, доколку е потребно би бил повеќе од среќен да зборувам. Навистина се надевам дека случајот ќе заврши на најдобар начин“, вели директорот на болницата „Шејново“.

„Шејново“ Бугарија разменети бебиња
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.