Оставката на Владата на бугарскиот премиер Бојко Борисов е прва точка на денешната собраниска седница, со која ќе се официјализира неговиот, за многумина изненадувачки потег, но за дел од политичките аналитичари, само популистички метод за да се добие расположението на народот на следните избори, за 4 месеци.
Според Борисов, неговата партија нема да учествува во преодната влада, а народот на избори ќе одлучи како сака Бугарија да биде управувана.
Борисов изјави дека оставката е резултат на 11- дневните масовни протести во државата во кои граѓаните го покажаа својот револт заради зголемените цени на струјата и генералните мерки за штедење.
Според него, владата сторила се за да одговори на барањата на демонстрантите.