Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарската влада во заминување по изборите испорача ново писмо до ЕУ за „македонските работи”

0
By Борјан Јовановски on April 19, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бугарската влада само три дена по завршувањето на парламентарните избори во таа земја, на 7 април упати ново писмо до земјите членки на ЕУ во кое ја обвинува Македонија за одржување на наследството на комунистичка Југославија, етнички инженеринг, тоталитарни практики и неисполнување на обврските од Договорот за пријателство и соработка.
Во писмото упатено до земјите членки на ЕУ, до чија содржина дојде НОВА се вели:

„Во Југоисточна Европа, историјата никогаш не била само академско прашање. Со малку исклучоци, повеќето тоталитарни идеологии на 20. век генерираа свои историски наративи. Репресијата, насилството и злосторствата, генерално следеа во чекорите на погрешно толкување на историјата”, пишува бугарската влада обраќајки се до земјите членки на ЕУ.
Понатаму во писмото, бугарската дипломатија ја оспорува, како што велат “неславната декларација на АСНОМ”, која како што велат понатаму, “останува синоним за промена на колективниот идентитет на населението”. “Македонското бугарско присуство требаше буквално да се искорени со одлуката на Тито”, се вели во писмото.
Според нив во Македонија е направен етнички инженеринг.

„Во август 1945 година, на инсистирање на Белград и на Москва, прогласената јазична норма, заснована врз локалното бугарско наречје е прогласена за „официјален македонски јазик“. Беше дадена граматика во 1945 година од страна на одреден српски матурант, Благој Конески, додека концентрационите логори, како Голи Оток беа преполни со оние што се спротивставуваа на кампањата за етнички инженеринг, што ја започна Југословенската комунистичка партија”, се наведува во ова писмо испратено од бугарската влада до земјите членки на ЕУ три дена по изборите.

Писмото понатаму се осврнува на бугарско македонските односи по распадот на Југославија.

„По распадот на Југославија, ова идеолошко наследство познато како ’македонизам’ остана во основата на сите напори да се даде демократски легитимитет на претходните тоталитарни практики во ПЈРМ”, пишува официјална Софија.
Во писмото понатаму бугарската влада го обвинува официјално Скопје дека ја минирало можноста за надминување на проблемите преку имплементација на Договорот за пријателство и соработка.

„Трепкање на надеж дека југословенското идеолошко наследство може да се преиспита се појави кога во 2017 година Бугарија потпиша Договор за добрососедски односи со Скопје, и обете страни официјално ја признаа „нивната заедничка историја“, се вели во писмото и во продолжение се додаваат нивните аргумети за ова тврдење.

– Заедничката историја, иако отелотворена како камен-темелник во Договорот, беше доведена во прашање. Спорот заснован на негирање на она што досега го постигна Заедничката комисија за историски прашања повторно се разгори и работата на Комисијата беше блокирана повеќе од една година. Напорите да се постигнат резултати во нејзината работа не доведоа до опипливи резултати.

– Јазичната клаузула на Договорот беше оспорена со аргумент дека меѓународните обврски не произлегуваат од билатералниот договор (ова е всушност клаузула „Ние се согласуваме да не се согласуваме“, што се користи повеќе од 20 години).

– Говорот на омраза и старите антибугарски стереотипи го повратија своето традиционално присуство на јавниот простор. Изгореа бугарски знамиња. Јавните службеници беа вклучени во јавни, непристојни навреди кон членовите на бугарската влада.

– Кампањите за притисок врз македонските Бугари беа започнати во духот на претходните југословенски практики. Беа упатени повици за одмазда против поединци од македонско-бугарската заедница. Граѓани со бугарско државјанство на РНМ се’ повеќе се подложени на говор на омраза.

– Секторската соработка беше доведена до значително забавување и бугарските компании и инвестициите во Република Северна Македонија беа спречени да работат во оваа земја.

– Проектите поврзани со инфраструктурната поврзаност практично беа замрзнати со загуба на финансирање од ЕУ како директна последица.

Понатаму во писмото Бугарија ја потецира својата заложба за поддршка на европските интеграциски процеси, напоменувајќи дека нема да даде зелено свтело за Македонија се’ додека не се решат проблемите, и во тој контекст од своите европски партнери бара:

„Строг механизам за следење треба да биде отелотворен во Рамката за преговори, бидејќи новата методологија на ЕК за проширување подразбира „посилно вклучување на земјите-членки во процесот на набљудување“, како и „посилно политичко управување“. Бугарија веќе предложи голем број опции што треба да се рефлектираат во Рамката за преговори, сите засновани врз веќе постоечките преседани од пристапните процеси на другите земји-кандидати. На крајот на краиштата, добрососедските односи се темелот врз кој е изградена ЕУ и лојалната соработка меѓу земјите-членки е услов според Договорите на ЕУ”

На крајот од писмото се наведуваат конкретите барања на Бугарија за да го одобри стартот на преговори за членство. Во продолжение ги пренесуваме интегрално овие барања наведени во писмото упатено од Софија до престолните на земјите членки на ЕУ на 7 април.

– Треба да се вложат постојани напори за надминување на проблемите што чекаат во работата на Мешовитата комисија за историски прашања. Историските реалности треба јасно да се признаат паралелно со признавањето на денешната политичка реалност.

– Јазичната клаузула од Договорот, отелотворена во сите билатерални документи од последните 22 години, треба да биде наведена во релевантните документи на ЕУ.

– Говорот на омраза од страна на претставници на државни агенции и државно спонзорирани медиуми треба да биде силно обесхрабрен.

– Плурализмот на етничката самоидентификација кај македонските Словени не треба да се попречува. Законските гаранции за правата на македонските Бугари треба да бидат дадени на краток рок, вклучително и за оние кои добиле бугарско државјанство врз основа на нивната етничка припадност. Демонтирање на системот спонзориран од државата, на „македонизација“ на бугарското културно наследство во РНМ е од суштинско значење во овој поглед. Негативни стереотипи во учебниците придонесуваат за кршење на човековите права.

– Секторската соработка и заедничките инфраструктурни проекти не треба повеќе да се попречуваат и инвеститорите од Бугарија не треба да се обесхрабруваат.

– Да започнат реформите со цел да се забрза процесот на интеграција во однос на идното членство во ЕУ.

Според дипломатски извори на НОВА, македонската влада е информирана за содржината на ова писмо, и го толкува како обид на владата во заминување да стави до знаење дека нивните ставови не биле само за дневно-полтички интереси во функција на изборната кампања и дека со ова писмо ја обврзуваат било која наредна влада во Софија да остане доследна на овие барања.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

ВЕСТИ October 7, 2025

По убиството на судијата во Албанија, кого еден обвинет вчера го застрела во срце во…

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.