НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарски аналитичари: Историските прашања не можат да се избегнат, но не се повеќе централна тема во политичкиот дијалог

0
By НОВА ТВ Balaban on January 31, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Луѓето кај вас треба да разберат дека Бугарија ниту некогаш имала желба, ниту сега има, ниту ќе има желба да го менува идентитетот на луѓето во Северна Македонија, односно дијалогот за историјата е потребен, но тука не станува прашање на никаков начин да се посегне по идентитетот на луѓето во Република Северна Македонија, вели Бојко Василев

Новиот квалитет и динамика во македонско-бугарските односи посветени на решавање на спорот, кој го блокира стартот на преговорите за членство, наиде на различни реакции во домашната јавност. Една од дилемите кои се отворија во јавната дебата е улогата на историските прашања за кои се водат разговори во заедничката Комисија посветена на овие прашања со висок емоционален набој. Дали Петков и Ковачевски во новата стратегија на водење на разговорите ги поттурнаа овие историски теми на маргините во билатералните контакти или останува доминанта како што тоа беше во минатото? Одговори побаравме од нашите соговорници во Бугарија, европратеникот Илхан Ќучук, професорот Христо Панчугов и новинарот Бојко Василев.

За европратеникот Илхан Ќучук овие теми од историјата нема да можат да се избегнат, но оценува дека почетокот на разговорите влева надеж дека тие се фокусираат повеќе на иднината, отколку на минатото.

Илхан Ќучук

“Сметам дека е ова по прагматичен, побрз, повеќе бизнис пристап дури би го нарекол, затоа што историјата сама по себе си води и до тешки дебати, а и не треба историските прашања да бидат поставени во центарот и да биде заобиколено другото поважното прашање според мене тоа за иднината. Односно историјата не треба да биде воденичкиот камен кој не влече назад, но тука зборувам повеќе како аналитичар. Не ми се чини дека многу долго време разговорот за историјата може да биде изнесен надвор од големите разговори за Бугарија и Северна Македонија, едно време ќе треба да се влезе и во него под една или друга форма, многу потешко е да се влезе во него, како прашање кое треба да го разбере Европската Унија.

Многу полесно е ако погледнеме кон правата на современите Бугари и тие да бидат упатени на уставот на Северна Македонија. Се разбира, не треба да излезе дека Бугарија инсистира, колку што разбирам, тоа не е инсистирање на Бугарија до таков степен, туку го гледам како инсистирање на македонските Бугари, кои што бараат да бидат впишани како државотворен елемент, а и во моите разговори како известувач тоа е инсистирање и на Хрватите и на Црногорците, сум имал таков разговор со нив”, вели Илхан Ќучук.

За професорот Панчугов добро е што во овој наврат работите не се поставени како порано кога историјата беше во фокусот на политичките разговори. Тој смета дека овие разговори за историјата дека треба да се водат но да не бидат обврзувачки со политички резултати.

Христо Панчугов

– Јас мислам дека од самиот почеток беше грешка историјата да биде поставена како услов во политички преговори. Според мене нема ситуација во светот во која што политичките преговори да се воделе околу историјата и да завршиле успешно, генерално кажано. Мислам дека историјата е академска тема, мислам дека треба да биде оставена на академската област и мислам дека тој дијалог треба да се води паралелно и на никаков начин да не биде обврзувачки со политичките резултати. Мислам дека тука имаме потреба од прагматичен пристап и од влегување на политичката областа во разговорите, за тоа кои се националните интереси на двете држави и кои се придобивките од соработката на двете држави и соодветно од членството на Северна Македонија во Европската Унија – вели Панчугов.

Тој додава дека „историските прашања … самата идеја, дека една комисија може да се состави и да стигне до вистината во однос на историјата, е прилично преценета, генерално кажано“.

– Сигурен сум дека во историографијата и во Северна Македонија и во Бугарија сама помеѓу себе не е едногласна во однос на различни историски факти. Поради тоа, да ја оставиме историјата на историчарите, на конференциите, на барање на извори, на интерпретации, на факти и да се обидеме да го фокусираме дијалогот помеѓу двете држави врз полтиката. Тоа според мене е важно, вели професорот Панчугов.

Според  мислењето на Бојко Василев, новинар на Бугарската национална телевизија, премиерот Петков се поставува во разговорите на начин кои историските теми не се централна тема, туку една од темите која не може да биде исклучена.

“Тоа што го кажува Петков е дека историјата е само еден од патиштата по кои треба да се одвива билатералниот дијалог, тоа е чувството на бугарската страна, односно, историјата не може да биде исклучена како проблем, но луѓето кај Вас треба да разберат дека Бугарија ниту некогаш имала желба, ниту сега има, ниту ќе има желба да го менува идентитетот на луѓето во Северна Македонија, односно дијалогот за историјата е потребен, но тука не станува прашање на никаков начин да се посегне по идентитетот на луѓето во Република Северна Македонија” вели Бојко Василев.

Бојко Василев

(автор Борјан Јовановски)

 

Бојко Василев Бугарски аналитичари водење на разговорите Илхан Ќучук новата стратегија Христо Панчугов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.