Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарски рапер: Македонските цариници ми удрија црн печат

0
By Нова ТВ on August 13, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Непристоен предлог од македонската гранична полиција добил еден од најпознатите бугарски музичари Ицо Хазарта од групата “Апсурд“ пишува бугарски Дневник Пред два дена бугарскиот музичар заедно со три танчарки требало да настапат на концерт во дискотека во Виница, но наместо тоа биле вратени назад во Бугарија.

Според изјавата на раперот македонските цариници му удриле црн печат, под изговор дека не можат да бидат сигурни во целта на неговата посета. Но, вистинската причина според Хазарт, сепак е одбивањето да им даде поткуп пишува бугарскиот „Дневник“.

“Полицаецот ме праша каде одиме и зошто. Одговорив дека имаме концерт и дека еден дел од екипата поминаа пред околу еден час. Тој ме праша многу пари ли ќе заработам од концертот. Му одговорив дека најважно е концертот да помине добро. Потоа ме праша повторно многу ли пари заработуваме, како и дали брзаме многу. По ова прашање мојот одговор беше: “Нема да ти дадам пари”.

Во меѓувреме, тимот на издавачка куќа Facing The Sun успеал да подготви копија од договорот и да го испрати, но цариникот објаснил дека немаат компјутер, туку само факс, но и дека не го знае бројот..

“Полицаецот дојде и рече дека не пристигнало ништо, и сигурно нема и да пристигне – ни удри по еден црн печат во четирите пасоши”, раскажува Ицо Хазарта за бугарскиот медиум.

Од македонското МВР потврдија за НОВА дека на 11 август четири лица од кои три женски и едно машко сакале да преминат на бугарско -македонската граница кај Делчево.
Тие се преставиле дека одат на настап во Виница, по што цариниците им побарале покана или одобрение од Министерството за култура дека ќе извршуваат таква дејност, која што тие немале да ја приложат.

Марија Јаковлевска од Секторот за односи со јавност на МВР демантира дека во нивните пасоши бил ставен црн печат. Во изјава за НОВА таа појасни дека станува збор за нормален печат кој бил прецртан, како доказ дека не им бил дозволен влез таа вечер.

-Тие можат уште денeска да ја преминат границата ако сакаат, бидејќи немаат забрана за влез во Македонија, изјави Јаковлевска.

Сепак, Ицо Хазарта и Facing The Sun веќе поднеле жалба против активностите на македонските цариници и имаат намера да ги алармираат сите инстанци, за да не се повторуваат слични полициски самоволија во пракса, пренесуваат бугарските медиуми.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.