Поглаварот на Бугарската православна црква, патријархот Неофит, е во сериозна здравствена состојба и е пренесен на Невролошкото одделение на софиската болница Токуда, објавија денеска повеќе бугарски медиуми. Тој бил однесен во болницата на 15 јуни, но веста дури денеска ја соопштија вработени од софиската митрополија.
Патријархот Неофит бил пренесен во болница од високи духовници на Бугарската црква, на кои им била доверена грижата за неговото здравје. Според написите во бугарските медиуми, тие се обиделе влошувањето на здравјето на патријархот да го зачуваат во тајност.
Неговата состојба сега е стабилизирана, но никој не е подготвен да дава било каква прогноза за здравјето на Неофит.
Бугарскиот патријарх беше во болница и во текот на април, поради што не беше во можност да присуствува на првата седница на 45-то Национално собрание по парламентарните избори на 4 април.