Григор Димитров е позитивен на коронавирус. Популарниот бугарски тенисер, кој играше во Задар на турнејата Адрија, ги извести фановите преку Инстаграм
„Здраво на сите. Морам со жалење да ве известам дека сум позитивен на КОВИД-19! Сакам да ги известам сите оние кои биле во контакт со мене во последните денови да се тестираат“, рече Димитров.
Беојот на контакти во последниве денови е навистина голем. Играше со Борма Чориќ, како и кошарка со Новак Ѓоковиќ, како и со сите други учесници.