Бугарските медиуми, цитирајќи ја агенцијата Анадолу, ја пренесуваат веста за поддшката на претседателот Иванов до турскиот претседател Ердоган во врска со масовните протести во Турција.
>>Поддршка на Иванов до Турција: „Нашето срце е со Ердоган“
Ѓеорге Иванов изјавата ја дал за време на средбата претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) Сердар Чам, објавува livenews.bg
За време на разговорот на агендата била вклучена и темата за масовните протести во Турција. Иванов истакнал дека внимателно ги следи настаните во Турција. По тој повод тој рекол:
„Г-дин Ердоган да не се мачи, да се спротивстави. На сите им е познато дека во вакви настани се мешаат странски држави, кои си играат свои игри. Неговото срце е со нашето, нашето срце е со неговото“
Тоа се зборовите на македонскиот претседател Георге Иванов, цитирани од Анадолската агенција.