Документите за преговори меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија немаат печат на строга тајност и се вклучени во јавната евиденција на Народното собрание и на Советот на министри, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи по прозивката на министерката Генчовска да го тргне од тие документи печатот на строга доверливост.
Бугарското МНР дури и ги објави јавно броевите на тие документи, јавува новинската агенција БГНЕС.
-вх. № КВП – 47-253-05-71 / 20.06.2022 година; изх. № 01-00-233 / 20.06.2022 година;
-вх. № КВП – 47-253-05-72 / 20.06.2022 година; изх. № 01-00-233 / 17.06.2022 година;
-вх. № 04.06-781 / 20.06.2022 година; изх. № 29.01.9 / 20.06.2022
Вака поднесени, горенаведените документи се достапни за разгледување на сите пратеници од 47. Народно собрание на Република Бугарија, се наведува во веста од МНР, што ја лиферува агенцијата БГНЕС.