Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарското МНР: Разочарани сме од усвоената Резолуција во Скопје

0
By НОВА ТВ on July 30, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: lhinv.eu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за надворешни работи е разочарано од Резолуцијата на Собранието на Република Северна Македонија донесена на 29 јули 2021 година и со жалење забележува дека овој чин доаѓа во време кога билатералниот дијалог меѓу Софија и Скопје, како резултат на постојаните напори, започна да преминува во попозитивна и поперспективна фаза, се наведува во реакцијата на бугарското МНР.

Оттаму соопштија дека Бугарија со нетрпение очекува да се објави резолуцијата со цел внимателно да се анализира нејзината содржина во однос на нејзината соодветност со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан и ратификуван од Собранието, како и потенцијалното влијание на овој документ врз тековниот дијалог меѓу Скопје и Софија.

-За Бугарија би било целосно неприфатливо преку слични акти да се мотивира или оправдува неисполнувањето на Договорот за добрососедство и соработка од 2017 година, што е во спротивност со водечките принципи на меѓународното право, додаваат од Министерството за надворешни работи на Бугарија.

Како што пишуваат во реакцијата, единствениот правилен начин за изнаоѓање одржливи и заемно прифатливи решенија за тековните предизвици во билатералните односи е строго почитување на постигнатите договори и обврски, нивно ефективно и добронамерно исполнување, како и водење на искрен дијалог.

Претходно во текот на денот, претседателот на државата Стево Пендаровски, на брифинг со новинарите, оцени дека усвојувањето на Резолуцијата не би создало негативни импликации на внатрешен план, но воедно очекува текстот да предизивика негативни реакции од официјална Софија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.