Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Burn-out или отпорот на човекот против неговата „автоматизација”

0
By Нова ТВ on October 1, 2019 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува Ида Протугер Вељковиќ, психолог и тренер за личен и организациски развој

Симптомите на Burn-out се типичен одговор на организмот кој се бунтува против таквиот начин на работа кој продуцира стрес, односно кортизол. Наспроти дружењето, блискоста и уживањето кои продуцираат хормони на среќа и би биле природен баланс за нерамнотежата во организмот.

Барањата на едно такво уредување водено од перформанси, со профит како крајна цел, доведува до постепена, софистицирана и суптилна дехуманизација.

Состојбата на емоционална, ментална и физичка исцрпеност како последица на континуиран стрес поврзан со работното место, опишана како Burn-out (прегореност) и официјално стана болест на новото време. Во мај годинава влезе во класификацијата на болести според Светската здравствена организација.

Симптоми на Burn-out се постојана исцрпеност, пад на ефикасноста, неможност личноста ментално да се одвои од контекстот на работа, нервоза и цинично однесување кон другите. Емоционално, постои чувство на беспомошност и безизлезност, пад на самодовербата, на мотивацијата и чувство на осаменост.

Burn-out најчесто е последица на долготраен и постојан стрес на работното место. Најчесто стресот е поврзан со неможноста да се одговори на се поголемиот број обврски, при што мотивацијата е заменета со страв од загуба на работната позиција или платата како извор на егзистенција. Во ризик фактори се вбројуваат: прекумерна работа, недостиг на блиски луѓе, осаменост, недоволен сон и слично.

На новото заболување се гледа како резултат на новиот начин на живот што го наметна трката по профит, каде работодавците часовите ги бројат во материјална добивка, а вработените се под притисок да ја одржат и зголемат. Тоа ја менува динамиката на животот во корист на работното време, на сметка на скусување на приватното.

Дополнително, ефикасноста се става на пиедесталот на вредностите. За таа да се зголеми, се дава предност на електронската комуникација. Вработените комуницираат со електронски пораки, а често работат и од дома (т.н. хоум офис) заради заштеда на време и ресурси на компанијата. Во приватниот живот пак социјалните мрежи зафаќаат се повеќе од слободното време кое порано поминувало во дружење, семејство, комуникација со партнер и сл.

Таквиот начин на комуницирање се повеќе го исклучува директниот контакт меѓу луѓето. Дополнително, прекумерното работење остава малку време за себе и блиските. Телесниот контакт и уживањето стануваат луксуз. Човекот се оттуѓува од другите луѓе, а и од самиот себе.

Симптомите на Burn-out се типичен одговор на организмот кој се бунтува против таквиот начин на работа кој продуцира стрес, односно кортизол. Наспроти дружењето, блискоста и уживањето кои продуцираат хормони на среќа и би биле природен баланс за нерамнотежата во организмот.

Барањата на едно такво уредување водено од перформанси, со профит како крајна цел, доведува до постепена, софистицирана и суптилна дехуманизација. Можеби најилустративен пример каде води таквата глад за постојано зголемување на профитите, а со тоа и перформансите и ефикасноста говори изјавата на извршната директорка на Јаху Мариса Мејер во интервју за Блумберг во 2016 година дека е “можно да се работи 130 часа неделно доколку стратешки го организирате спиењето, туширањето и одењето во тоалет”. На луѓето да се гледа како на роботи.

На таквите барања на општеството водено од профити и перформанси човек не може да одговори така што ќе се автоматизира. Впрочем самата болест Burn-out тоа го докажува. “Лекот” е да се почитува биолошката, социјална природа и потреби, наместо тие да се инхибираат.

Американскиот центар за контрола на болести, како фактори кои водат кон намалување на стресот и превенција на Burn-out ги наведуваат:
– баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот
– социјален круг на луѓе кои пружаат поддршка, пријатели и колеги
– релаксација и позитивен поглед на светот и животот

Засегнатите дури и да ја разбираат целисходноста од овие препораки, поради стравовите, стресот и обврските, едноставно тешко може да се опуштат, дружат и релаксираат “по рецепт”.

На пример балансот помеѓу приватниот и професионалниот живот е потребен затоа што ако идентитетот се потпира во најголем дел на нашето професионално “јас”, каква било криза на работа се заканува да ги урне темелите на кои се држи идентитетот. Останатите “столбови на идентитетот” како здравје, круг на пријатели или семејство, ќе немаат толкава компензаторска моќ.

Натаму, грижата за емоционалното и физичкото здравје ги доведува во баланс хормоните, за организмот да не е под постојан притисок на кортизолот.
За поттикнувањето на хормоните на среќата корисни се телесните вежби кои поттикнуваат лачење на допамин, серотонин и ендорфини. Блискоста и телесниот контакт поттикнуваат окситоцин. Оттука се и препораките за блиски социјални релации, баланс во животот и грижа за физичкото здравје.

Но главен предуслов за оној кој сака да си помогне и да се справи со “прегореноста” од работа е да почувствува потреба за промена. Дека дотогашниот начин на живот не му носи корист и задоволство. Одговорите и внатрешната аргументација на оној кој не е спремен ништо да менува, а бара околината и околностите да се променат се најчесто обвинувања кон шефот, кон семејството кое “нема разбирање”, кон колегите и сл.

Оној пак кој ја разбира потребата за промена и сопствената улога во тој процес, често се соочува со две препреки. Првата е сомневањето во сопствената (не)моќ да промени нешто што го оддалечува од барање алтернативни решенија. Втората е стравот како таа промена ќе се одрази врз системите во кои е вклучен (работна организација, семејство и сл.). Соочувањето со овие препреки е лична борба, впрочем какви што се и личните цели и аспирации на поединецот. Како што е личен и моментот на одлука дали и кога од пасивно чекање околностите да сменат во наша полза, ќе тргнеме во акција да дадеме свој одговор на животните околности за да ги оствариме целите кои ги посакуваме. Односно дилемата е “one day” (некој ден) или “day one”(од денес).

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

ВЕСТИ September 27, 2025

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 –…

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.