Browsing: ВЕСТИ
Кредитите и заемите што им ги даваат банките на поединци и на фирми не секогаш се потрошени за некаква успешна инвестиција. Во светот расте бројот на оние што се помалку се способни да се одолжат. Ист е случајот и во Македонија
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за НОВА говори за смените во МВР, одлуките на Управниот суд за овие потези на Спасовски, за истрагите за фалсификувањето на личните карти, за бегалската криза и дали МВР ја има контролата врз безбедноста во Македонија
На Америка по се изгледа не и се допаѓа оваа реторика на Груевски- нападите кон Катица Јанева, но која е таа да суди за него, за овој разборит, честит човек, кој деноноќно низ годините куцкал, пишувал и препишувал долги листи на непријатели, како сведоштво на неговиот маченички живот?
Дебата на политичкиот аналитичар Исмет Рамадани и проф. Нано Ружин, ЛДП: Дали Груевски влезе во стапица со инсистирање изборите да бидат на 24 април и самиот се отпиша како премиер, кои потези ќе ги влече обвинителката Катица Јанева и дали се подготвува ВМРО-ДПМНЕ за удар кон неа?
Поранешниот јавен обвинител Јован Трпеновски и професорот Гордан Калајџиев за НОВА ги анализираат актуелните кривични пријави поднесени против лица вработени во кацеларијата на Специјалниот јавен обвинител. “Тешко е да се претпостави дека постои основа за овие кривични пријави”, велат Трпеновски и Калајџиев во дебатата со Борјан Јовановски.
Шоуто во Ајова неминовно го отвори прашањето за сите оние кои не се од САД – кој е принципот на гласање
Претседателот на Синдикатот на македонската дипломатија, Сашко Тодоровски за НОВА ги образложува причините за протестот на македонските дипломати. Синдикатот бара да се престане со непрофесионалните активности во функција на интересите на владејачката партија
Луѓето фантоми, односно оние кои немаат лични документи, во ПРОЦЕС раскажуваат како живеат и со какви проблеми се соочуваат. Одговор на тоа што може институциите да преземат, даваат Љатифе Шиковска од НВО „Амбрела“ и Елвис Мемети од Министерството за труд и социјала
Зошто Кинезите не паѓаат, ако Земјата е во вид на глобус? Да не имаат случајно прицврстени магнети на чевлите, прашува ова Друштво. Докази? Еден од нив е логото на Обединетите нации, фотографија која го покажува дискот за кој ви говорат. Мотиви? НАСА ја чини помалку да излажира патувања во вселената, отколку да ги реализира, а се во функција да се манифестира моќта на Америка
Какви се искуствата во ЕУ за слободното движење на луѓето и можноста да најдат работа во други земји од нивните татковини? Истражувањата во Македонија покажуваат дека над половина од младите сакаат да работат во некоја членка на ЕУ
Водечките кандидати за нов генерален секретар на Обединетите нации се жени кои доаѓаат од Бугарија, но прашањето е која од нив ќе ја добие номинацијата од бугарската влада, а тоа веќе на големо се дискутира во Софија, пишува „Економист“
Лустрираниот судија Трендафил Ивановски кој ја доби правдата во Стразбур токму за случајот за кој беше лустриран, говори зошто Стразбуршкиот суд смета дека Груевски е директно нарачател на лустрација, за проблемите со кои ќе се соочи Јанева од власта, за тоа како Уставниот суд може лесно да продуцира нова политичка криза после што Ивановски вели дека ќе следат нови и пожестоки немири
