Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Земјата е плоча, а ние сме Наполеон

0
By Биљана Секуловска on January 30, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 30, 2016 11:23

Ниту еден факт во науката не смеете да го земате како цементирана вистина, врежана на камен Библија, господово се и свја. Затоа што не постојат факти во науката, тие можете да ги докажете на овој или оној начин, да добивате сосема други резултати и факти и така се до бесконечност.

Но, целта на научните експерименти е да се дојде до некаков консензус дека според теоријата на заговор креирана од Америка, целиот свет е обичен идиотски примерок, податна пералница на мозоци, се со една цел- за да може да се одржува и негува супремацијата на САД.

Разгледајте го на пример Друштвото на рамната Земја. Иако не постојат докази дека во оваа академска институција има и научник- Македонец, земете ги со голема сериозност тврдењата на Миленко Неделковски дека земјата е всушност плоча а не во форма на глобус.

Потсмевајте се вие и понатаму, но нивните теории се поткрепени со научни докази, објавени се книги и текстови, кои во детали објаснуваат зошто Земјата е плоча: не постои Јужен пол; Северниот пол е центар на Универзумот; Антарктикот е опкружен со леден ѕид кој е чуван од НАСА за никој не само да не го прескокне, туку и да не падне од дискот; не постојат фотографии од Земјата во вид на глобус; што е под дискот не знаат, но мислат дека има карпи; ГПС уредите во авионите се наместени, за пилотите да мислат дека возат право а не во кругови околу дискот, итн., итн.

Зошто Кинезите не паѓаат, ако Земјата е во вид на глобус? Да не имаат случајно прицврстени магнети на чевлите, прашува ова Друштво. Докази? Еден од нив е логото на Обединетите нации, фотографија која го покажува дискот за кој ви говорат. Мотиви? НАСА ја чини помалку да излажира патувања во вселената, отколку да ги реализира, а се во функција да се манифестира моќта на Америка.

Видете, сосема е можно членовите на ова Друштво да се подготвени да ги отстапат и сопствените мозоци на испитување, колку да знаеме дека генијалноста е се што имаат да му подарат на човештвото. Иако, со оглед на тоа што се е релативно, можеме да оспориме една ситница кај овие господа- дека мозокот не е единствениот квалитет кој го поседуваат, иако се повикуваат токму само на мислечкиот орган. Има нешто и во талентот, кој е од бога даден.

Ако сретнете човек на пример, кој тврди дека е Наполеон, вие ќе помислите дека се зафркава, иако се облекол како него и очекува да му ја подадете сами главата, за да не се тормози да ви ја пресече. Едноставно, човекот поседува неоспорен талент за земање на правдата во свои раце. Исто како Друштвото на рамната земја, нашиов Наполеон живее на дискот и чека само да полета, за да си олесниме взаемно.

Така и овие блескави научни умови од Друштвото на рамна Земја. Решиле да се пресметаат со подлата НАСА, да ги пополнат дупките на наивните и да отворат пат за нови вистини, но овој пат вистински вистини.

Според нивната логика дека се е релативно, или можеби дека вистината тие ја поседуваат, топката и плочата можете да ги отфрлите како неприфатливи и да креирате своја вистина за овој мачен и долг живот, каде не постои никаква вистина, каде се е релативно и во исто време непостоечко, ние сме ништавни, нас не нема. Полека, полека. Со еден исклучок- премиерот Груевски, него не го даваат. Можеби не е повеќе премиер, но тоа ништо не значи, ако го прашате Друштвото на несудени Нобеловци, оние од рамната земја. Штом сме жители на некаков диск кој лебди, Груевски ќе тргне низ божјите патишта. Мора да има некаква космичка правда и тој пак да се врати како премиер, додека во позадина нашиот Наполеон му аплаудира.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.