Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како американските партии бираат кандидати за претседател

0
By Влатко Чаловски on February 2, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 2, 2016 19:38

Првите партиски избори на Републиканците и Демократите во Ајова резултираа со победа на тексашкиот сенатор и тврдокорен конзервативец, Тед Круз пред милијардерот Доналд Трамп со 28 проценти од гласовите наспроти 24.

Кај демократите Хилари Клинтон и Берни Сандерс се речиси изедначени. Клинтон доби 49.9, а Сандерс 49.4 проценти од гласовите.

Шоуто во Ајова неминовно го отвори прашањето за сите оние кои не се од САД – кој е принципот на гласање?

Прво, важно е да се знае дека во САД кандидатите на Републиканците или Демократите најпрво се натпреваруваат во партиските редови, а дури потоа победникот се трка за функцијата претседател на САД во име на својата партија. Гласањето за кандидат во партијата почнува февруари и трае пет месеци, а Ајова е секогаш првата држава во која се одржува партиското гласање.

Американските држави имаат два начини на бирање кандидат за секоја партија и собирање на гласовите на партиските членови кога се бира кандидатот – „primary” и „caucus”.

Ваквиот процес на бирање, никогаш не бил вклучен во Уставот на САД туку настанал од политичките партии. Во некои земји има само „primary“ систем на гласање, во некои само „caucus“, додека во други има комбинација од овие два начина. Се одвиваат од јануари до почетокот на летото, неколку месеци пред изборите во ноември.

„Primary“ се јавни избори организирани од државните или локалните претставници додека „caucus“ се приватни настани кои ги организираат самите партии, а и двата претставуваат еден виде индиректни избори за својот кандидат – наместо гласачите директно да избираат една личност која ќе се трка за претседателски кандидат, тие одлучуваат колку делегати партијата ќе има во дадената држава, а тие потоа одлучуваат за номинација на еден од кандидатите.

Ајова и Њу Хемпшир се првите две држави кои играат важна улога при популарноста на кандидатите во однос на тоа кој кандидат води. Ајова користи „Caucus” систем, додека Њу Хемпшир “Primary”. И покрај тоа што овие две земји опфаќаат мал број на гласачи, сепак, тие традиционално влијаат врз „кармата“ на секој кандидат. Американците велат дека имаат моќ да ги предвидат изборите, додека познавачите тврдат дека првите победници неминовно влијаат на тоа луѓето понатаму психолошки да сакаат да се приклонуваат кон победникот.

По Ајова следен е Њу Хемпшир. Едно е сигурно, за демократите ова ќе претставува уште една неизвесност бидејќи тие практично не произведоа победник во Ајова. Претходно, Берни Сандерс водеше на анкетите во Њу Хемпшир, но тоа засега не значи ништо.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.