Browsing: ВЕСТИ

Но, да одиме со приказната, онаа на почетокот за која ви говорев, за двете дами кои седеле во некој кафич и преку голтките кафе ја раскажале траекторијата на владеење на оваа власт, на премиерот Груевски и молбите на едната дама се совпаѓаат со неговите- да бидат услишани од небото

Ивана Прочкова од Богданци боледува од сколиоза (искривување на ‘рбетот). Ивана денес има 9.години и потребно е да направи операција во Неустад, Германија која чини 50.000 евра. Семејството на малата Ивана не е во состојба само да ги собере потребните средства

Претседателот на Анкетната комисија за скандалот за прислушувањето, Петре Шилегов, во интервју за НОВА вели дека Комисијата нема да сослушува други сведоци доколку Груевски не сведочи јавно, како и Ставрески и останатите повикани сведоци; тој говори и за прекршувањата на Договорот од Пржино и вели дека дали ќе се одржат изборите или не, зависи пред се од волјата на Груевски да се придржува до договореното

Национализмот и екстремизмот во Европа во последно време се поврзани со страхувањето од исламистичките движења. Во Македонија пак, тие најчесто се поврзани со меѓуетничките односи. Како и да е, тие се најлесен начин за манипулирање на граѓаните

Хјуман Рајтс Воч прегледал околу 30.000 ужасни фотографии кои се доказ дека режимот на Башар ал-Асад врши злосторство против човештвото. На сликите можат да се видат луѓе со извадени очи, со рани на грбот или стомакот и стотици тела фрлени во еден хангар помеѓу пластични вреќи.

Дебата на уметникот Александар Станковски и проф. Мирослав Грчев за денешната блокада на Ректоратот на УКИМ: Дали студентите се манипулирани од СДСМ, како што тврди Станковски, или како што вели Грчев се работи за револуцонерна младина; како за „Скопје 2014“, зошто власта не е транспарентна околу финансиската конструкција на овој проект, дали се менува или пак, се гради идентитетот преку овој проект?

Повеќе од 5 милијарди американски долари се нелегално изнесени од Македонија во периодот од 2004 до 2013, се вели во извештајот “Нелегални финансиски одливи од земјите во развој“ подготвен од американскиот тинк-тенк „Глобал Фајненшл Интегрити“.

Во ова издание на Контравести станува збор за бесплатните автобуси, Aнкетната комисија, третите деца, а гостин во вестите е неповторливата, железната Венера Гордана Јанкуловска, велат од тимот на Контрашите задолжени за сценариото на оваа ТВ сатирично шоу во продукција на НОВА

За судирот меѓу Групата и Асоцијацијата на лекари специјализанти, во ПРОЦЕС жестока дебата меѓу Ненад Лазаров од Асоцијацијата на специјализанти и Миралем Јукиќ од Групата специјализанти. Тие дебатираат дали Асоцијацијата имала договор во четири очи со министерот Тодоров за новите законски измени, зошто не го изразат незадоволството преку протести

Султанот Сулејман починал во својата 71 година во екот на обидот за освојување на Австро-Унгарија во 1566 година. Неговото тело е погребано во Истамбул. Во Унгарија е откриен споменик направен на местото каде што тој починал.

Соништата да зададе удар на Заев му достигаат до боксерски нокаути, каква штета, тогаш кога соништата од младоста на еден премиер биле пролевање крв на противникот и откинување парчиња месо. Да се сонува да се достигне некакво достигнување на Нобеловец, е, тоа се соништа кои ги имале другите, но не и тој, не и тој