Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Републиканска дебата: Масовниот надзор и ИСИС помеѓу најдискутираните теми

0
By Нова ТВ on December 16, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 16, 2015 13:51


Кандидатите за претседател на САД од Републиканската партија, минатата вечер помеѓу другото, дебатираа и како да се запре ИСИС, во првата дебата по терористичкиот напад во Париз , и неодамнешниот напад во Калифорнија .

Сенаторите Марко Рубио и Тед Круз разменија неколку зборови во тензична атмосфера, судирајќи ги ставовите за надзор и политиката за миграција.

Размена на жестоки зборови имаше и помеѓу Џеб Буш и Доналд Трамп.

Трамп пак, во своето објанување се бранеше дека предлогот за забрана на муслиманите да влегуваат во САД не е поради религијата туку поради безбедноста.

Големото прашање на оваа последна дебата во 2015 година помеѓу Републиканците сепак беше како да се надмине рејтингот на Доналд Трамп.

Судирот на ставовите не беше фокусиран кон политиките кои ги предлага Трамп, а според анкетите и неговиот рејтинг, тие се популарни помеѓу гласачкото тело, иако тоа беше очекувано. Минатата недела американскиот бизнисмен беше на насловните страници на речиси сите медиуми од светот кога повика на затворање на влезот на САД за муслиманските мигранти и туристи. Тој и за време на дебатата цврсто стоеше зад својот став.

Понатаму во дебатата еден од најинтересните судири беше помеѓу гувернерот од Њу Џерси, Крис Кристи и кандидатот Ренд Пол.

Кога на дебатата стана збор за учеството на САД во Сирија, Кристи потенцираше дека во земјата треба да се стави забрана за било какви летови, вклучувајќи ги авионите на Русија кои се длабоко инволвирани во воздушни напади.

– Ќе ги собориме авионите на руските пилоти доколку тие бидат доволно глупави да мислат дека овој претседател ќе биде истиот немоќен плачко кој седи во Овалната соба во моментов, рече тој.

На ова Пол одговори дека доколку Американците се за лидер кој ќе ја започне Третата светска војна, Кристи е кандидатот на кој треба да му ја дадат поддршката.

– Она што сакаме е разумен лидер, а не некој кој е безобѕирен, рече Пол.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 2, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

ВЕСТИ July 2, 2026

Црна Гора стана единствената земја кандидат за членство која е опфатена во следниот седумгодишен финансиски…

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.