Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Да се биде Мохамед Али

0
By Биљана Секуловска on December 12, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 12, 2015 09:33

Каква фарса, да ја создадат Анкетната комисија за прислушувањето и членовите на ВМРО-ДМПНЕ да ја гледаат како урнебесна пародија, додека се клацкаат во фотелјите и уживаат во веселото помрднување на сказалките на часовникот.

Ја гледаат така тие секоја секунда како се помрднува, како се одбројува секоја драгоцена минута, како времето не се растегнува, напротив, тоа прескокнува мали и големи цртички на тој часовник и- какво задоволство, не престанува тоа да го прави. Насмевката им се развлекува како да се работи за пребирање по жици на харфа (конечно, зарем не се дел од античка култура), секако дека се задоволни, повеќе од тоа, задоволството е скромен и несоодветен збор во пребирачот на речникот.

Среќа, се работи за чиста среќа, апсолутно недопрено и несознаено досега чувство на блаженство. Го ослушнуваат во исто време срцето- тоа бие со секоја стотинка од секунда и се заканува дека ќе избие од радост, од неуморната битка со времето.

Како одеше целиот распоред на овој дебакл од Анкетна комисија: на крај беше Сашо Мијалков, пред него Ставревски и Мартин Протуѓер, ниту еден не дојде од нив.

Прв за сослушување беше премиерот Никола Груевски. Не можел да дојде, беше кажано, бил во Израел, ќе се појавел на 14 декември. Напорите на новинарите да дознаат со каква цел е посетата можете да ги фрлите во првиот канцелариски кош за отпадоци. Се разбира дека немаше никаков одговор, се подразбира дека никому не му паѓа на ум да даде објаснување и отчет за необјаснивото исчезнување во Израел, земјата која е споменувана во бомбите на Заев, заради тамошна фирма преку која се купувала опремата за прислушување и провизии кои доаѓале на контото на Сашо Мијалков.

Нема дилема, сето ова можете да го ставите под графата наводно, се додека не биде потврдена автентичноста на снимките и не биде откриена целата мрежа на активности на тесниот семеен круг на Груевски.

Подоцна премиерот даде некакво интервју, во кое се спореди со боксерот Мохамед Али, меч кој го знае напамет, што никого и не зачудува, зарем не? Соништата да зададе удар на Заев му достигаат до боксерски нокаути, каква штета, тогаш кога соништата од младоста на еден премиер биле пролевање крв на противникот и откинување парчиња месо. Да се сонува да се достигне некакво достигнување на Нобеловец, е, тоа се соништа кои ги имале другите, но не и тој, не и тој. Нашиот премиер никогаш не сфати дека мува категорија не подразбира само физичка предиспозиција.

Но, неодењето на Груевски пред Анкетната комисија покажа нешто сосема друго- дека оној часовник кој го отчукува поминатото време како заканувачки удари во главата, сега стана најзначајниот адут на нашиот воопшто непредвидлив и нималку наивен премиер.

Времето поминува, се останува исто, само не и времето, во него нешто крикнува, како топол бран кој го заплискува од среќа, помешан со лесно дофатливо чувство на победа.

Како и да земете, како и да пресметате и одземувате, на Груевски не можете да му оспорите- го зграпчи времето и не го испушта, се додека не дојде судниот ден- оној април, следната година, кога изборите ќе бидат негови. Тоа е неговата приказна, неговиот личен часовник.

Е, да, несопирлив и збеснат е тој часовник, но овој пат, еден друг. Специјалната обвинителка Катица Јанева е седната наспроти нашиов премиер со нејзиниот секундарник, како пред шаховска табла. Погледнете ја само таа слика, двајца тркачи со времето, измешајте ги сега фигурите, токму сега, кога се седнати еден спроти друг додека само го навиваат часовникот и го бодрат со топол здив, тогаш кога ќе покаже знак на чудна навика да престане за момент, но се чини век. Тогаш престанува да бие и срцето, но мигот е само обичен, неисплатлив за тревога показател дека се ќе продолжи по старо.

Часовникот пак ќе почне рутински да одбројува, да се заканува и да не предупредува- секој во своето време сака да направи најдобро што може. Некој за себе, како Груевски, некој пак од самиот себе, за да му покаже на светот дека е тука- за другите. Ова второво е мандатот на Јанева и тоа е се што во овој момент може да се соопшти, затоа што во оној момент кога часовникот ќе добие сила да се претвори во аларм, ниту една фарса од Анкетна комисија повеќе нема да биде спас за страната која треба да биде сослушана и за која се поднесени кривични пријави.

Има неколку верзии на времето, и сите не работат за одржување на таа фарса, но полека, не мора баш набрзина целата приказна да се раскаже. Некому треба време да ја усклади со времето и сопствената улога во него.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 2, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

ВЕСТИ July 2, 2026

Црна Гора стана единствената земја кандидат за членство која е опфатена во следниот седумгодишен финансиски…

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.