Browsing: ВЕСТИ

Народот, сакате пак за него? Народот не ви ги врзува и одврзува црните кеси со гласачките ливчиња, ниту пак ги уништува печатите на тие кеси, за да бидат заменети гласовите со вашите, за да победи вашата партија.

Центри за контрола, затворени и блокирани граници, тензии меѓу соседните земји и незапирлив мигрантски бран. Годинашната зимска слика на Балканот воопшто не е идилична

Зоран Димитровски, уредник во неделникот „Фокус“ и Ивон Величковски, лидерот на Либералната партија, во СТУДИО на НОВА говорат за предизвиците кои претстојат со презмањето на министерствата од страна на СДСМ, особено МВР, и можните евентуални конфликти и тензии со бегалската криза и со меѓурелигиски инциденти

Недозволиво е семејството на Дилибор Ѓорѓиевски кој почина во затворот Идризово да не ја знае причината од што починал. Од затворските служби не биле известени дека починал, а не им е кажано која е количина на лекови која е пронајдена во крвта, дали дозата била смртоносна и кој му ги давал тие лекови.

За да бидат разгледани сите опции пред кои е соочен Груевски, откако го стави потписот за министер за внатрешни од редовите на СДСМ, можеби треба да се сетиме на една приказна за Путин, којзнае дали е фиктивна сказна од неговото детство, но тоа е навистина сега сеедно

Проширувањето е една од главните движечки сили за Европската Унија, но и за земјите кои сакаат де бидат дел од неа. Колку новите предизвици ќе придонесат за забрзување или за запирање на овој процес?

Во несреќата со авионот која се случи еден месец откако Москва почна со бомбардирањата на позициите на ИСИС во Сирија, загинаа 224 луѓе. Тогаш Путин нагласи дека џихадистите на ИСИС се директна закана за Русија

Обвинителството уште во 2007 година ги доби првите документи за сомнителните трансакции во Телеком. Од тогаш молк и во Владата и во Обвинителството. Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнл и Симон Груевски поранешен член на бордот на Телеком, одговараат на овие прашања

Сторијата на Александра Давидовска стигна и до британски „Гардијан“. Се работи за девојката која ја напуштила својата работа во фабрика за обувки за да им помага на бегалците на границата помеѓу Македонија и Србија