Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Четирите теории за падот на рускиот авион во Синај

0
By Нова ТВ on November 2, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 2, 2015 16:40

Експертите размислуваат за четири можни теории кои ја предизвикале несреќата при уривањето на авионот на руската компанија „Когалимавиа“ во централен Синај.

Како што соопштија египетските власти, за време на летот, 224 патници и членови на екипажот патувале од Шарм ел-Шеик кон Сент Петерсбург. Поголемиот број од патниците се руски државјани кои биле на одмор во Шарм ел Шеик. При падот немаше преживеани.

Авионот со лет 9268 не воспоставил контакт со кипарската воздушна котрола и се претпоставува дека се урнал 23 минути по полетувањето.

BBC ги наведува следните можни предизвикувачи на несреќата:

Техничка грешка: Премиерот на Египет, Ибрахим Малаб вели дека техничка грешка најверојатно е причината за несреќата, но дека сепак до истражителите е да докажат или да го негираат неговото тврдење.

Министерот за авијација на Египет, Хосам Камал по несреќата рече дека немало никакви знаци за некаков проблем додека летал авионот, негирајќи ги тврдењата дека пилотот барал да направи предвремено итно слетување поради технички грешки.

Сопругата на помошниот пилот Сергеј Трукачев, за НТВ по несреќата рече дека тој се жалел за состојбата на авионот пред самиот лет од Шарм ел-Шеик.

Сепак од компанијата велат дека авионот бил целосно функционален а проверките пред да полета истиот биле во ред.

Од друга страна, Мрежата за безбедност во авијацијата открива дека авионот претрпел удар при слетување во Каиро во 2001 година, а биле потребни три месеци за да се поправи.
Таквите удари можат да бидат многу кобни. Авион на Јапонија Ерлајнс во 1985 претрпе таков удар при што загинаа 520 луѓе од вкупно 524.

Човечка грешка: Пилотот Валери Немов имал повеќе од 12.000 часови искуство во воздухот, и според компанијата, нема никаков сомнеж дека е можна негова грешка за падот на авионот.

Погоден со проектил: Авионот летал далеку над максималниот опсег од било каков проектил за кој се верува дека поседуваат џихадистите. Нивните се далеку понемоќни од Бук-от кој го собори авионот на Малезија ерлајнс над Украина минатата година.

Според експертите, незамислива е логиката да египетскиот огранок на ИСИС го привлече вниманието на меѓународните сили кон себе кога единствената нивна цел е Египет.

Бомба внатре во авионот: Засега нема никакви докази кои би укажувале на експлозија внатре во авионот, а тука е прашањето и како еден бомбаш би го поминал силното обезбедување на аеродромот во Шарм ел-Шеик.

Сепак според професорот Мајкл Кларк, генерален директор на тинк-тенк институтот Ројал Јунајтед Сервисес, многу поверојатно е да се работи за бомба внатре во авионот а не за проектил, бидејќи извештаите кажуваат дека авионот се поделил на два дела кога се случила несреќата.

Тој вели тоа е причина повеќе да се верува дека не се работи за механичка грешка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.