Browsing: ВЕСТИ
Секојденвно во Грција влегуваат во просек по 1000 мигранти од Сирија. Нивна цел е преку Балканот да стигнат во северна Европа
Во Азербејџан е убиен новинарот Расим Алиев поради неговите критики напишани на Фејсбук на сметка на еден азербејџански фудбалер
Искуството со грандиозно-болниот проект на Скопје 2014 покажа само едно: и да му стават на секој граѓанин (за по некој исклучок подолу во текстот: види Буковски) по едно панорамско тркало на грбот, ќе го носи, нишајќи се и тетуравејќи се, гордо својот крст. Таа вистина за овој народ ја имаше на ум Груевски сите овие години
20 години од операцијата „Бура“ која почна со напад на хрватската армија во Книн врз војската на Српска Краина. Во Хрватска Денот на победата се одбележува со воена парада во Загреб. Во Србија пак со парастос за убиените и за прогонот на околу 200 илјади Срби од Хрватска
НОВА ја анализира анти-корупциската политика во Германија: Соговорници ни се високи претставници на Министерството за внатрешни, Обвинителството, новинарски истражувачи- кои се контролните механизми да не се злоупотребуваат моќта и високите функции
Новопронајдениот остаток може да ја помести потрагата кон север. Морските струења укажуваат дека појдовната локација на пронајдениот дел не се наоѓа во јужниот дел пред австралискиот брег. Имајќи ги во предвид струењата, може да кажеме дека е поверојатно пронајдениот дел да доаѓа од регионот на Индонезија или дури од северна Австралија
Мето Колоски, претседател на Обединетата македонска дијаспора и Александар Митевски, потпретседател на ОМД, во Студио на НОВА, разговараат за актуелното прашање во јавноста, дали дијаспората воопшто треба да гласа, можниот нов модел по кој би гласале, и кој е придонесот на пратениците од дијаспората
Во споредба со истиот период минатата година, продажбата се намалила за 7 отсто, а опаѓањето на заинтересираноста за диетален сок започнало уште во 2008 година
Огромен број на граѓани го изгубија правото на социјална или постојана парична помош бидејќи добиле одредена сума на средства преку брз трансфер на пари и се задолжени да вратат се што примиле во претходната година. Законот мора да се преиспита, велат во ПРОЦЕС Александра Цветановска и Гоце Коцевски од македонско здружени на Млади правници
Eвтини приказни: Народот сега е тој кој диригира со општествената улога на Груевски, народот е тој кој ја креира вистината за него и му ја исцртува иднината во државава. Секоја евентуално изговорена вистина на Груевски, автоматски станува лага за народот и уште пострашно
Трпе Стојановски, директор на МАРРИ (Регионална иницијатива за азил, бегалци и миграција), во интервју за НОВА објаснува каква е позицијата на Македонија во однос на глобалниот проблем со мигрантите, што ќе се случи доколку се затвори границата со Србија, коi стратешки приоритети ги има државата во ваква ситуација, а кои сепак ќе се базираат на меѓународните стандарди за човекови права
„Новата Земја“ е наречена Кеплер 452B и е стара 6 милијарди години и е оддалечена 1400 светлосни години од нас. Истата е 1,5 пати поголема од Земјата и се претпоставува дека има карпеста површина
