Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали морските струи на Индискиот океан ќе ја откријат тајната на летот МХ370?

0
By Нова ТВ on July 31, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 31, 2015 14:24

Пронајдениот остаток од авионско крило ги подгреа надежите за наоѓање на исчезнатиот авион. Експертите сега ги проверуваат сите детали за да го лоцираат поточно местото на падот на авионот, меѓу нив и морските струења, се вели во анализата на Дојче веле за оваа најголема мистерија на возухопловството.

Веќе еднаипол година, од исчезнувањето на малезискиот авион на летот МХ370, роднините на жртвите живеат во неизвесност. Секоја индикација во потрагата по вкупно 239 исчезнати патници од авионот, детално се испитува. Се‘уште не е дефинитивно дали остатокот од авионско крило, кое водата го исфрли на брегот на островот Реунион потекнува од исчезнатиот авион.

За Арне Биаштох, професор за океанска циркулација, постои веројатност дел од трупот на авионот да го поминал долгиот пат од Индискиот Океан до Реунион.
„Можно е, поради рамната структура, авионскиот дел да пливал на морската површина“, вели експертот кој работи во Институтот за океанографски истражувања Геомар во Кил. Брзината на морските струи во Индискиот Океан изнесува под еден километар на час. „Пресметано на над 17 месеци, можно е да се поминат дистанци од 4.000 километри и повеќе.“

Струењата можат да донесат нови сознанија

Експертите досега претпоставуваа дека малезискиот авион на лет МХ370 летал илјадници километри настрана од својот планиран курс и паднал во Индискиот Океан. Во огромна морска област во јужниот дел од Индискиот Океан беше започната скапа потрага со учество на бродови, авиони и сателити од повеќе земји. Постојано беа откривани некои пловечки делови, но ниеден не потекнуваше од исчезнатиот Боинг 777 на Малезија ерлајнс.
Новопронајдениот остаток може да ја помести потрагата кон север. Зашто, морските струења укажуваат дека појдовната локација на пронајдениот дел не се наоѓа во јужниот дел пред австралискиот брег.
„Имајќи ги во предвид струењата, уште сега можеме да кажеме дека е поверојатно пронајдениот дел да доаѓа од регионот на Индонезија или дури од северна Австралија“, вели Биаштох. Струењата пред јужниот дел од австралискиот брег би воделе во друг правец, а не кон островот Реунион.

За да ја потврди оваа теорија, Биаштох со своите колеги од странство врши, односно симулира т.н. испраќање пошта во шише. Шишето се всушност многубројни виртуелни делчиња, а морето е еден голем информативен пакет на компјутерот. Податоците се составени од сателитски снимки од последната еднаипол година. Сателитите ги снимаат морските струења на тој начин што ги мерат височините на брановите и косината на морската површина. Со помош на косината пак може да се измери брзината на струите. Така добиените податоци даваат слика за ситуацијата по падот на авионот. „Виртуелните делчиња во овој модел ние потоа ги пуштаме да пловат во обратна насока, да се враќаат“, објаснува Биаштох во изјава за Дојче веле.

На таков начин експертите можат да откријат дали е поверојатно малезискиот авион да паднал пред брегот на Индонезија или пред брегот на Австралија. Но, само приближно, не со целосна точност, предупредува професорот за океанска циркулација. Проблемот е во долгиот период на пресметка. „Морето е многу турбулентно и со вртлози“, а колку е подолг временскиот период, толку поголема е дисперзијата на виртуелните делчиња во виртуелниот симулационен модел. „Веројатната локација на падот на малезискиот авион и натаму останува многу голема површина“, заклучува научникот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 2, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

ВЕСТИ July 2, 2026

Црна Гора стана единствената земја кандидат за членство која е опфатена во следниот седумгодишен финансиски…

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.